23 Април, 2024
0.1932

Донација товарно возило од Витаминка за ТППЕ Прилеп

Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

– Витаминка за Територијално противпожарната единица во Прилеп донира товарно моторно возило марка Mitsubishi L200 за потребите на прилепската единица. Возилото е комплетирано со современа опрема и неопходните елементи за справување со огнени стихии. Донацијата ќе придонесе кон зголемувањето на ефикасноста и капацитетите на противпожарната единица и интервенциите.

Витаминка АД како општествено одговорна компанија донира едно товарно возило за потребите на ТППЕ Прилеп, на општ добробит на граѓаните на Општина Прилеп и соседните општини. Запознати сме со фактот дека прилепската противпожарна единица покрива голема територија, а во исто време техничката опременост и возниот парк не се на завидно ниво, па тоа нé поттикна да ја реализираме ваквата донација. Ова е прва донација, а за скоро време ќе следува и уште една од нашата компанија. Имено, во соработка со уште три партнери, ќе донираме т.н. навално противпожарно возило“, изјави Орде Ѓорѓиоски директор на Секторот за правни и општи работи во Витаминка Прилеп.


Целта на компанијата е со оваа донација да помогне во техничката опременост на противпожарната единица и да се подобри нивната ефикасност и оперативност во функција на општата безбедност на граѓаните на Општина Прилеп и околните населени места.

Поради големата емисија на штетни гасови во атмосферата, воопшто на глобално ниво ни претстои период на раст на просечната температура. Токму затоа во иднина ќе се зголемуваат и потребите за заштита на природата и ќе има се поизразена потреба да се вложува во вакви средства. Доколку го сфатиме тоа доволно сериозно и се подготвуваме навреме, ќе ги намалиме последиците од емисиите на јаглерод диоксид и од зголемувањето на просечната температура на воздухот. А според некои проценки во следните 30 години се очекува просечната температура да се зголеми за 4 степени, што е неприфатливо. Затоа, овие вложувања се неопходни и потребно е нивно интензивирање како и преземање на многу други додатни мерки, со цел навремено да реагираме и да ги намалиме штетните ефекти”, изјави Симон Наумоски, Претседателот на Одбор на директори на Витаминка.

Од противпожарната единица велат дека оваа донација е повеќе од добредојдена.

Витаминка има воспоставено долгогодишна соработка со прилепската противпожарна единица, која што се развива во континуитет и се базира на помагање и поддршка од компанијата во обезбедување неопходни материјали и опрема за потребите на единицата. Со оваа донација Витаминка уште еднаш ги потврди своите заложбите за градење функционална релација со заедницата и својот општествено одговорен однос.


Можеби ќе ве интересира

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена

Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена