20 Април, 2024
0.0360

ПМТКП поставува нови стандарди во Македонија

Донација во училиштето Ристе Ристески од 80 илјади американски долари и модернизација на ТКП

Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Компанијата Филип Морис ТКП вложи 80 илјади долари во целосно реновирани училници со најсовремена опрема во средното општинско училиште Ристе Ристески – Ричко во Прилеп. На настанот по овој повод присуствуваше вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој во текот на истиот ден го посети и Тутунски комбинат Прилеп каде му беше претставен големиот напредок во модернизацијата на фабриката.

Директорката на средното училиште, Билјана Трајкоска изјави „Филип Морис ТКП е првата општествено одговорна компанија која инвестира сопствени ресурси за подобрување на образовните капацитети на училиштето“, дополнувајќи „со тие средства ги реновиравме просториите и добивме најсовремена опрема за практична настава од електротехничка струка.“


Соработката помеѓу Филип Морис ТКП и Средното општинско училиште Ристе Ристески – Ричко ќе продолжи и во делот на практичната настава, со потпишувањето на Меморандум со што се овозможува пракса за учениците во текот на целата година во капацитетите на фабриката. За ТКП ова е начин да обучува кадри кои во иднина ќе бидат дел од колективот на фабриката.

„Многу е важно да се искористат потенцијалите на младите кадри. Тие му се потребни на Тутунски комбинат којшто со помош на Филип Морис поставува нови стандарди во тутунската индустрија во земјава и полека успеваме да го вратиме Комбинатот на позиции од порано, како стратешка фабрика со позитивни резултати”, изјави Кире Станкоски, директор на ТКП.

Со модернизацијата на Комбинатот опфатена е производната хала со површина од над 5.000 метри квадратни. Инсталирана е нова машина за производство на цигари со потенок прогресивен формат или т.н. 7.0 формат што овозможи во изминатиов период да почне да се произведува Chesterfield 7.0 и да се започне со производство на Marlboro 7.0. како најбрзо растечки формати на македонскиот пазар.

Михаел Солтер, генерален менаџер на ПМТКП рече дека фабриката во Прилеп денес ги исполнува највисоките стандарди за квалитет според критериумите на глобалниот гигант во производството на цигари Филип Морис.

„ПМТКП поставува највисоки стандарди на квалитет во се што спроведува. Години наназад работиме на модернизација на производните процеси и унапредување на квалитетот кај нашиот партнер ТКП, за да може да ги достигне високите стандарди на Филип Морис и со тоа да започне со производство на нашите брендови. Таа наша посветеност на модернизацијата и унапредувањето се гледа и во денешната донација. Во ова средно училиште има кадри кои се потребни на ТКП, а тие со оваа опрема ќе имаат најсовремено образование”, изјави Михаел Солтер.

За вицепремиерот Анѓушев глобалната компанија Филип Морис и нејзиното работење во Македонија е пример што треба да се следи.

Денеска сме во работна посета на Тутунски комбинат, каде после долги години агонија состојбата се стабилизира и по долгогодишните загуби, се надеваме на позитивни резултати. Ја посетивме фабриката каде е донесена нова машина од Филип Морис што е пуштена во работа и позитивно влијае вез зголемувањето на производството - тоа е резултат на добро раководење на компанијата, но и на стратешкиот договор со Филип Морис. Драго ми е што денес се наоѓаме во средното училиште Ристе Ристески – Ричко од Прилеп каде се едуцираат кадри - децата се иднината на Македонија. Обезбедување на квалитетен и соодветен кадар е проблем со кој се соочува целата индустрија. Сакам да ја изразам благодарноста што компанијата донираше лабораторија за учениците и опреми кабинети - се надевам ова ќе биде поттик и за другите компании да го следат примерот. Ние како држава работиме на создавање на кадар соодветен на потребите на пазарот преку воведување на дуалното образование и практикантство со што ќе се реши акутниот проблем на невработеност и ќе се задоволи побарувачката на пазарот на труд“, изјави Анѓушев.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга