20 Април, 2024
0.0424

Доналд Трамп ја исмеа активистката Грета

Објавено во: Свет 12 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Aмериканскиот претседател, Доналд Трамп повторно ѝ се потсмеваше на 16-годишната еколошка активистка Грета Тунберг, оценувајќи го за бесмислен нејзиниот избор за личност на годината кој го направи списанието Тајм.

„Тоа е смешно. Грета мора да поработи на својот проблем контрола на лутината, а потоа да отиде на некој добар старомоден филм со другарка! Смири се малку Грета“, напиша Трамп на Твитер.

Трамп беше во потесниот избор за титулата личност на годината, заедно со претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Тунберг реагираше на истиот начин како што реагираше во вторникот кога ја критикуваше бразилскиот претседател Жаир Болсонаро. Таа  го промени својот краток личен опис на Твитер, пишувајќи дека е „тинејџерка која работи на својот проблем контрола на лутината и во моментов се смирува и гледа стар, добар филм со пријател“.

Болсонаро во вторникот остро одговори на нејзината загриженост поради убиствата на бразилските домородци во Амазон.

„Грета вели дека Индијанци умреле затоа што го бранеле Амазон. Фантастично е што медиумите му даваат простор на такво детиште“, рече Болсонаро.

Тунберг е личност на годината според магазинот Тајм и таа се здоби со ова признание, откако инспирираше глобално движење против климатски промени. 

Шеснаесетгодишната Швеѓанка е најмладата личност која се закитила со оваа титула откако магазинот ја почна традицијата во 1927 година.

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато