19 Април, 2024
0.0336

Донаторите и земјите од Западен Балкан се координираат во Брисел

Објавено во: Балкан 13 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Координација на донаторите за Западен Балкан се одржува денеска во Брисел под покривителство на Регионалниот совет за соработка (РСС), на која се собрани сите поважни учесници во еконосмкиот развој на регионот, вклучувајќи ги и претставниците на земјите, меѓу кои и Македонија.

„Состанокот претставува одлична можност земјите приматели на помош и донаторите да разменат информации за актуелните потреби, за недостатоците и можностите за финансирање, се со цел да се завршат преземените обврски и задачи“ – изјави на отворањето генералниот секретар на РСС Горан Свилановиќ.

Тој додаде дека земјите од Западен Балкан се целосно посветени на спроведување на Стратегијата Југоисточна Европа 2020 и Повеќегодишниот акционен план за остварување на Регионалниот економски простор.

Колин Волф, шефот на одделот за регионална соработка и програми за Западен Балкан при Генералната дирецијаза политиката на добрососедство и проширување на Европската комисија, ја подвлече важноста од регионалната соработка која се одвива и под покровителство на РСС.

„Треба да се искористи моментот што е создаден за Западен Балкан со најновата стратегија на ЕУ за перспективите за проширување. Регионот треба да покаже дека може да работи заеднички за остварување на значителни резултати“, изјави Волф.

 Координативниот состанок на донаторите се одржува само еден ден откако е потврден програмскиот документ од стратегијата за ЈИЕ 2020 за периодот 2018-2020 година.

На состанокот присуствуваат сите заинтересирани страни и корисници од регионот кои се вклучени во спроведувањето на Стратегијата ЈИЕ 2020, главните донаторски организации, билатералните донатори и други меѓународни финансиски организации и институции, соопшти РЦЦ.


Можеби ќе ве интересира

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати