29 Март, 2024
0.1583

Донесена одлуката за можен терористички акт на Чавков и пратениците

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Кривичен суд денеска треба да соопшти, дали на петмината пратеници и поранешниот  министер за внатрешни Митко Чавков ќе им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за настаните од 27 април.

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев вчера потврди дека одлуката е донесена, но нема да се објавува додека не биде испратена до странките.

Тричлениот совет вчера заседавал зад затворени врати три месеци откако беше  поднесено обвинението.

Сп него се опфатени 30 лица, од кои 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на РМ, а две лица за помагање при извршување на истото кривично дело

Според Обвинителството, обезбедени се докази дека обвинетите извршувале повеќе усогласени дејства за насилство, влегување и вршење насилство во Собранието, од различни позиции и во содејство и координација да се оневозможи понатамошно функционирање на парламентарното мнозинство и на Собранието на РМ.

Но, засега не е посочено кој е нарачателот на насилствата што се случија на крвавиот четврток, кога според Обвинителството имало и обид за убиство на Заев.

Обвинителството паралелно води истрага, кој го направил клучниот повик од Виена, по кој толпата упадна во Собранието за време на изборот на Талат Џафери за претседател.


Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор