19 Април, 2024
0.0265

Донеси е-отпад а однеси вредна награда

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Компаниите Екоцентар 97 и Елколект од 30 Октомври до 1 Ноември, организираат голема акција за собирање на електричен и електронски отпад, на Плоштадот Магнолија во Битола.

Сите граѓани кои имаат стари електрични апарати, компјутери, монитори, процесори, и сите апарати од домаќинството, кои ќе ги донесат на оваа акција, ќе имаат можност да се ослободат од опасниот отпад а истовремено и ќе станат потенцијални добитници на многу вредни награди, за кои извлекувањето ќе се оддржи на 1ви Ноември во 12 часот. За време на настанот нашите патнери  АМЦ, Мотоцентар, Јоки и Пан Европа на сите учесници ќе им доделат и ваучери со попусти.

e

Спроведувањето на оваа акција е од огромна важност поради подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи во предвид дека електричниот и електронскиот отпад кај себе имаат опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво е да се фрла овој тип на отпад  во контејнери.

Екоцентар 97 се залага за спроведување на законот за електронски отпад и врши превземање и рециклирање на електронски и електричен отпад, по сите стандарди и нормативи.

e1

Зачувувањето на природните ресурси и заштита на природната средина, се само дел од придобивките од рециклирањето на е-отпад, токму затоа бидете и вие дел од оваа голема општествено одговорна акција.

РАЗМИСЛИ ЗА ИДНИНАТА,РЕЦИКЛИРАЈ!

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година