24 Април, 2024
0.0271

Дополнителни 800 милиони евра за мали и средни претпријатија – ЕИФ и ПроКредит Банка ја дуплираат поддршката за иновативните компании

Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и ПроКредит групација ќе пласираат дополнителни 800 милиони евра за иновативни проекти на мали и средни претпријатија (МСП), што претставува вкупно 1.62 билиони евра за кредитирање на компании во 11 држави.

Поддршката која ја овозможува ЕИФ е отсега достапна преку ПроКредит банките во јужна и источна Европа и истата е наменета за компании кои употребуваат нови технологии и имаат иновативни производства во една од единаесте држави каде што ПроКредит банките ги пласираат своите услуги (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Германија, Грција, Молдавија, Северна Македонија, Романија, Србија и Украина). Досега, ПроКредит банките имаат поддржано околу 2000 иновативни мали и средни претпријатија и тоа претежно во дејноста на производство, големопродажба и малопродажба, а уште голем број претпријатија ќе бидат финансирани и во следните неколку години.

Договорите за финансирање на малите и средни претпријата се дел од InnovFin иницијативата на Европска комисија, поддржани преку програмата Horizon 2020. InnovFin иницијативата овозможува банките да пласираат кредити за иновативни комапнии со гарантна шема поддржана од страна на ЕИФ. Договорот потпишан меѓу државите членки на ЕУ беше овозможен согласно поддршката од Европскиот Фонд за Стратешки Инвестиции. Овој фонд е централен столб од Планот за Инвестиции во Европа на Европската Комисија, исто така познат под називот “Juncker Plan”.

Заменик претседателот на Европската Комисија Jyrki Katainen, одговорен за работни позиции, раст, инвестиции и конкурентност изјави: “Две години отккао објавивме дека 80 милиони евра ќе бидат пласирани за МСП во единаесет држави, ЕИФ и ПроКредит ја дуплираат финансиската поддршка, што значи дека 1.62 билиони евра се сега достапни за финансирање на мали и средни претпријатија во овие земји. Континуираната и зголемена пддршка од страна на ЕУ ќе придонесе за промени кај илјадници претприемачи со иновативни бизнис идеи и потреба за финансирање на своите проекти, на ист начин како и кај 2000 компании кои досега беа финансирани преку оваа гарантна шема.”

Извршниот директорна ЕИФ, Pier Luigi Gilibert, изјави:Позитивно сме изненадени што  InnovFinгарантната шема пласирана преку ПроКредит банките остварува одлични резултати.

Широката мрежа и позиционираноста на ПроКредит банките, комбинирани со експертизата за кредитирање на МСП се потврда дека гарантната шема поддржана од Европската Комисија ќе биде искористена во единаестте држави. Овие кредити ќе им овозможат на компаниите полесен пристап до финансирање поддржано од ЕУ со цел зголеување на иновативноста низ Европа.”

Претседателот на Надзорен Одбор на ПроКредит Холдинг, Др.Claus-Peter Zeitinger изјави: “Проширувањето на нашиот договор е значаен показател за нашата банкарска групација. Истиот им дава до знаење на нашите клиенти дека ЕУ и понатаму ќе ги поддржува инвестициите од страна на мали и средни претпријатија во југо-источна и источна Европа и дека развојно ориентираната насока на ПроКредит банките е препознаена од страна на ЕУ.”

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка