29 Март, 2024
0.0261

ДОСИЕ БОЈКО БОРИСОВ: Се занимавал со карате, беше премиер и градоначалник, го фотографираа со пиштол, а со Заев потпиша Договор за добрососедство

Објавено во: Балкан 17 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Meдиумите кај источниот сосед јавија дека е уапсен екс бугарскиот премиер и претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов. Уапсен е поради сомнеж за корупција. 

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, порача дека никој не е над законот.

Според бугарските медиуми, приведени се и министерот за финансии во владата на Борисов, Владислав Горанов, поранешната шефица на Комисијата за буџет во бугарскиот парламент, Менда Стојанова и портпаролката на Борисов, Севдалина Арнаудова.

Како што наведуваат софиските медиуми, тие се приведени во рамките на истрага која што се води за 120 случаи за наводна злоупотреба на европски пари во Бугарија во областа на земјоделството, градежништвото и јавните набавки. 

Полицијата го ограничила движењето на четворицата додека траат претресите, а потоа со полициска наредба ќе бидат задржани 24 часа. Подоцна европските обвинители можат да побараат од судот да ги задржи во притвор. 

Бугарското Министерство за внатрешни работи ја отстрани веста од својата интернет-страница за апсењето на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, јави БГНЕС.

БИОГРАФИЈА

Борисов е бугарски политичар, и поранешен премиер на Бугарија. Бил премиер во периодот од 2009 до 2013 година, лидер на ГЕРБ и градоначалник на Софија од 2005 до 2009 година.

Борисов е роден на 13 јуни 1959 година во село (денес град) Банќа. Дипломира во 1982 година на Висока школа на МВР како инженер. Има добиено чин на поручик по Пожарна безбедност. Истата година Борисов се вработил во Софиската градска управа на МВР како командир на вод, а подоцна тоа било преименувано во командир на чета.

Од 1985 година па сѐ до 1990, Борисов е предавач во Вишиот институт за подготовка на офицери и научноистражувачка дејност на бугарското МВР. Во 1982 година ја брани докторската дисертација. За време на т.н. „преродбен процес“, тој е назначен за командир на бригада во Дулово, Каолиново и во Разград, којашто ја чувала општествената безбедност по масовите иселувања на жителите во Турција. Од 1978 година Бојко Борисов професионално се занимава со карате (има добиено црн појас). Долги години работел како тренер на националниот одбор на Бугарија по карате, а исто така и како судија по меѓународни натпревари по карате.

Во 1990 година Борисов го напушта системот на МВР.  Во 1991 година, тој ја основа фирмата за лично обезбедување „Ипон-1“, којашто ги обезбедува познатите бугарски политичари како Тодор Живков и Симеон Сакскобургготски.

Во 2001 година Бојко Борисов е назначен на должноста „главен секретар на бугарското МВР“ и е унапреден со доделувањето на чинот полковник, а од 2002 година претседателот на Бугарија Георги Прванов му го доделил чинот генерал мајор. Во 2004 година го добил чинот генерал потполковник.

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

На парламентските избори од 2005 година Бојко Борисов бил кандидат за народен пратеник од Националното движење „Симеон Втори“. По изборите е избран за народен пратеник, од што се откажал поради кариерата во МВР. По конфликтот со тогашниот министер за внатрешни работи, Румен Петков, го напушта системот на полицијата.

На 10 ноември 2005 година е избран за градоначалник на Софија. Во март 2006 година ја основал „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ).  Подоцна организацијата е претворена во политичка партија, која на 5 јули 2009 година победила на парламентарните избори во Бугарија, со освојување на 41% од гласовите.

Во почетокот на 2013 година поради протести во земјата дал оставка по која биле закажани парламентарни избори.

ЗА ОДНОСИТЕ СО МАКЕДОНИЈА

Борисов на 1 август 2017 година во Скопје заедно со тогашниот македонски премиер Зоран Заев го потпиша договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Делегација преводена од Борисов два дена за Илинден престојуваше во Македонија. Тој прво тврдеше дека Балканот е таму каде што е поради желбата за големи држави, и нагласи дека треба да соработуваме. Потоа почна да ги отвора и историските прашања и тврдеше дека сме браќа, дека не сакаат, почитуваат, помагаат, но мораме да ја признаеме историската вистина. Во неколку наврати во бугарските медиуми се појавија негови фотографии додека спие, а на масата му стои пиштол. 

Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува