25 Април, 2024
0.0405

ДОСИЕ: Дали Јанакиески и Ристовски на 27 април давале наредби како што тврдеше Нинџа?

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, како и поранешниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски се приведени вечерва, заедно со поранешниот собраниски претседател, Трајко Вељаноски за настаните од 27 април во Собранието во 2017 година кога имаше упад на толпа. 

Тогаш беа тепани пратеници и новинари. 

Од Основното јавно обвинителство информираат дека по спроведена сеопсежна предистражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик.

„Наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Осомничените како организатори ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта и овозможиле континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите“, стои во соопштението испратено од Основното јавно обвинителство.

Од обвинителството додаваат дека со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје доставил Предлог за определување мерка притвор за осомничените.​

Попладнето на 27 април 2017 година обвинетиот Александар Василевски-Нинџа контактирал со двајцата поранешни шефови на УБК, Сашо Мијалков и Владимир Атанасовски, а попладнето заминал во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, од каде што, како што тврди, се давале насоки и биле координирани активностите за упадот во Собранието. Тој ова го кажа во суд. 

„Ситуацијата околу 15 април почна да зоврива, се скандира против тиранската платформа, против двојазичноста. Говорите константно беа потпалувачки. Дојде 27 април, околу 12.30 часот ми се јави Владимир Атанасовски и ме извести да бидам во Скопје бидејќи на репродукција имало оперативни сознанија дека тогашната опозиција спрема нешто. Ми даде насока дека ќе ми се јави Никола Бошкоски – Прскач. Од сабајле бев со лицето Дејан Давидовски во Катланово, потоа во Ѓорче Петров. На враќање ми се јави Веле Петрушевски да се видиме, му кажав да дојде во ‘Дион’. Таму беа Михаил Младеновски, Стефан Младеновски, Никола Митревски – Кољо. Атанасовски околу 16 часот повторно ми се јави и ми кажа дека тој ден СДСМ ќе сака да избере претседател на Собранието. За следење на состојбата го известил и Јане Ченто и ни рече дека треба да бидеме на стенд бај. Во 17.40 часот ми се јави организациониот секретар на ВМРО, Спире Ристевски, и ме повика да отидам во штабот. Во тој момент имав контакт и со Сашо Мијалков, кој ми рече да отидам во базата“, рече Нинџа тогаш. 

На листата се најде и екс премиерот Никола Груевски кој е во бегство. 

Откако тој избега во Унгарија, Јанакиески покажа негодување за овој негов гест и го осуди. 

Во периодот од 28 август 2006 до 13 мај 2015 година тој ја извршувал функцијата министер за транспорт и врски. Го има и во „бомбите“. 

Ристовски  беше министер за образование и наука во периодот 2013–2014 и министер за труд и социјална политика во периодот 2011–2013 година. 

Можеби ќе ве интересира

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро