25 Април, 2024
0.0504

ДОСИЕ ЈАНИС БУТАРИС: Денес му е втор роденден, а корени влече од Македонија

Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Пред 28 години солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис се откажал од зависноста од алкохолот. 

Тој ова денеска го соопшти на Твитер. 

„Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист, излегов победник, напиша солунскиот градоначалник на неговиот официјален Твитер профил, споделувајќи го неговото искуство и борбата за одвикнување од алкохолот“, јави дописничката на МИА.

Бутарис вели дека денеска е неговиот втор роденден, а како што и самиот напиша, победата ја прослави во Центарот да одвикнување и рехабилитација во Солун. 

Бутарис на Твитер сподели и фотографии од Центарот за одвикнување од зависности, меѓу кои и една со тортата на која стои бројот 28. Паралелно упати и порака.

„Да запаметите дека алкохолот или било која друга супстанца може во моментот на употребата да ги „удави“ проблемите, но на крај ќе го „удави“ самиот корисник и неговите блиски луѓе. Спротивставете се и кажете му „да“ на животот“, порача Бутарис. 

Бутарис освен што е градоначаник на Солун, тој е голем пријател на Македонија и во повеќе наврати испрати пораки за соработка и добри односи меѓу двете земји, пред да се потпише Договорот од Преспа. 

ВО СКОПЈЕ НЕ НАРЕЧЕ МАКЕДОНИЈА

Бутарис, при давањето изјава по средбата со премиерот Зоран Заев во 2017 година, нашата земја ја нарече Македонија, иако за грчката јавност бевме БЈРМ.

„Се надевам и ќе го предложам тоа, следната средба на двајцата премиери, на Грција и на Македонија, да се случи во Солун“ – рече меѓудругото Бутарис.

Не ми пречи македонскиот јазик, потребно е да се развие атмосфера на доверба меѓу Македонија и Грција, изјави тој во интервју во 2016 година. 

„Од што се плашиме, дека можеби соседите ќе ни го земат Солун? Сега е шансата да завршиме со ова отворено прашање. Скопјаните не се човекојадци“, рече солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, во писмениот поздравен говор на конференцијата „Национализам наспроти патриотизам", организирана од грчката партија „Река" лани.

ГО НАПАДНАА ГРЧКИ НАЦИОНАЛИСТИ ПОРАДИ СТАВОВИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Бутарис лани беше хоспитализиран откако го нападнаа националистички екстремисти кои му нанесоа повреди во пределот на главата, рацете и нозете.

Претседателката на градското собрание, Калипсо Гула, тогаш изјави дека Бутарис присуствувал на комеморацијата за таканаречениот „Понтски геноцид“ – убиства на етнички Грци извршени од страна на Турците за време на Првата светска војна и грчко-турската војна што следела потоа.

Гула објаснила дека повеќе од десет луѓе му пристапиле на 75-годишниот Бутарис и му рекле да го напушти настанот, а потоа го нападнале со шишиња. Бутарис е познат по својот силен анти-националистички став.

Според Гула, градоначалникот паднал и добил повеќе удари во пределот на главата и нозете. Таа додала дека насобраните им свиреле на присутните политичари за време црковната богослужба која му претходела на настанот.

БУТАРИС ИМА ВЛАШКИ КОРЕНИ И РОДНИНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Јанис Бутарис е роден на 6 јануари 1942 година во Солун, Грција. 

По потекло, Бутарис е од Крушево, а неговото семејство живее во Битола.

Бутарис во 2013 година првпат како градоначалник дојде во официјална посета на Македонија и тогаш ја македонската јавност откри дека има влашки корени, од Крушево.

Тој рече дека никогаш не крие дека неговите родители се Власи, но жали што не го зборува јазикот на неговите предци.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)