28 Март, 2024
0.0272

ДОСИЕ ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ: Бев запченик во политиката за татковината

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

„Ако некогаш не знаете што е исправно во политиката, прашајте што е најтешко. Ако сакате да сте исправни, правете го она што е најтешко и тогаш ќе бидете на правиот пат. И тоа е тоа значајно што треба да го научите“ - кажа при една прилика Љубиша Георгиевски!

Во легендите утринава на 81 годишна возраст замина еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, големиот театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист но и политичар.

„Љубиша Георгиевски е креативец plus ultra, позитивец по вокација, фанатик по биоритам, сонувач по раѓање, работохолик по карактер, ѕвездалија кому наречниците му предодредиле секогаш да чекори по сончевата страна на улицата.

Театарџија од исклучителен, речиси ендемичен сој. Еден од најавтентичните што сме ги имале, кога било. Некогаш дури и напорен, ама секогаш тесписовски заигран, драгоцен дотука бидува“ - знаеја да кажат новинарите.

Плодоносна кариера

Љубиша Георгиевски замина но остави плодна кариера со над 161 театарска претстава, дваесетина филмски остварувања, голем број есеи, колумни и театролошки текстови.

Има издадено повеќе од десет книги, има напишано преку 200 авторски колумни во дневниот весник “Дневник”.

Како режисер работел во Лос Анџелес и Далас, во Полска, Романија, Италија, Хрватска, Србија, Бугарија, а неговите текстови и претстави се прикажуваат во Москва, Виена, Париз, Варшава, Будимпешта, Букурешт, Лоѓ, Софија, Белград, Загреб, Трст... 

Беше и остана почитуван професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. 

Многумина знаат да кажат дека е театарски педагог за кого неговите некогашни студенти раскажуваат легенди, се колнат во него и го имаат како репер според кој ги одредуваат личните и професионалните стандарди: естетички, етички, жителски, дури и семејни, интимни…

Љубиша Георгиевски е интелектуалец од онаа вонстандардна, речиси ренесансна, денес веќе изумрена сорта: неуморен читател на недобројни книги, вечен немирник/љубопитник кој секогаш мисли „во тангенти“ (како што вели Крлежа), полиглот кадарен да зборува, пишува, мисли и сонува на еден куп јазици.

Дел од животот му помина и во политика

Во 1994 година беше претседателски кандидат на ВМРО - ДПМНЕ за првите претседателски избори во Република Македонија. Тогаш Љубиша Георгиевски освои нешто повеќе од 203.000 гласови.

Шест години подоцна, во 2000, стана дипломат – македонски амбасадор во Софија. Успешна улога која ја имаше до 2004 година.

После две години по парламентарните избори 2006, стана претседател на Собранието на Република Македонија. Со тоа, сметано формално-хиерархиски, тој стана втор носител на највисоката власт во државата. Неговиот избор за претседател на парламентот го поддржаа партиите од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. СДСМ беше воздржан, а ДУИ го бојкотираше изборот. 

По изборот новиот претседател на македонскиот парламент, Љубиша Георгиевски кажа:

„Со вас би споделил само едно разочарување и неколку надежи. Разочарувањето, кое сигурно сите го споделуваме, се состои во напуштањето на седницата од страна на парламентарната група на ДУИ, но од тоа не треба да се прави драма. Јас веќе 15 години и припаѓам на една партија која често го правела тоа. Тоа е легитимно.“ -кажа тогаш Љубиша.

Во политиката не можете да се изразите себеси-сметаше Љубиша.

„Во политиката сте еден шраф, запченик во еден комплициран механизам. Дотолку сте подобар политичар доколку сте поподмачкан како запченик. Ако вие чкрипите, кршите, предлагате ново темпо за целата фабрика, тоа значи дека немате дарба за политика. За себе сметам дека немам дарба за политичар. Бев запченик доволно долго за да ја исполнам својата обврска кон татковината. Влегов во политиката многу еминентно затоа што тоа се случи кога на малкумина, не повеќе од педесет души, им беше јасно дека ние ќе станеме независна држава, и кога сите ни се смееја. Бев исмејуван заради тоа, а заради кое денес сите се фалат самите. Влегов во политиката зашто кога еден народ прави независна држава, треба да се потпре на сите свои потенцијални сили. Не се каам поради тоа, затоа што добро излезе, а можеше да биде полошо. Во политиката нема добро, има само помалку лошо, затоа што така функционира светот. Светот е стапица, а вие не можете во стапица добро да се чувствувате. Се чувствувате стаписан, како глушец“-кажа во едно интервју за Мкд.мк.

Георгиевски имаше обраќање и на последниот собир на движењето „За заедничка Македонија“, чии протести кулминираа со организираниот напад на Собранието на 27 април 2017.

За него Европа беше утопија

„Европа е утопија, а утопиите се слични како јајце на јајце. Како пример земете ја утопијата на Француската револуција. Колку повеќе се покажуваше невозможно да се воведе демократија, толку почесто работеше гилотината. Слично се случуваше и со комунистичката и со фашистичката утопија. Но тоа не значи дека средствата ќе бидат брутални. Европската утопија максимално е хуманизирана. За малите држави, кои не би можеле сами да опстојат во една нова светска кланица, Европа е стреа, еден добар чадор“ - кажа Љубиша .


Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов