22 Мај, 2019
0.0222

Дождот дефинитивно го „однесе“ Панорамското тркало

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2017

По дводневните дождови кои предизвикаа помало излевање на Вардар на неколку критични точки во Скопје, градот и дефинитивно нема да продолжи да ги гради скапите но, и потенцијално штетни објекти кои го загрозуваат водостојот на реката и се закана за нови поголеми поплави. Градоначалникот Шилегов одамна има решено да прекине изградбата на Панорамското тркало и сега посочи дека изградбата е сопрена, тоа што досега е изведено е платено, а за среќа самото тркало и неговата монтажа не се платени па така средствата од буџетот ќе може да се наменат за други цели. 

- Последните дождови покажаа дека мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ станува реална опасност по граѓаните на Скопје и нивните имоти. Во јавноста се презентираше неговата корисност за развој на туризмот во Скопје. Изминативе неколку дена потврдија дека оваа слика не само што не го развива туризмот, туку претставува опасност за безбедноста на целиот град – истакна градоначалникот Шилегов.

Градбите и градежните активности што се дел од овој проект, а се  одвиваат  во коритото на реката на потегот од мостот „Гоце Делчев“ до Камениот мост, ја намалуваат проточноста на коритото и при надојдена вода претставуваат опасност по безбедноста на градот од поплави. Следен чекор ќе биде и решение за галиите во реката Вардар за кои градоначалникот Шилегов најави дека ќе бидат дислоцирани. Сепак, треба да се потсети дека тие се под концесија на приватни инвеститори па можни се правни спорови.

Инаку екипи на град Скопје го исчистија сметот кој се насобра на насипот во строгиот центар на градот со што Вардар ја прикажа целата грда слика како за проектот Скопје 2014 години со попречување на водостојот, така и на свеста на граѓаните кои фрлаат смет во реката и целосно ја загадуваат. Добар дел од отпадот беше и насобран од најдојдените води од западниот дел на државата.

Инаку дводневните дождови кои иако беа обилни не беа премногу силни предизвикаа поплавување на долните простории на новите згради на МНТ и Државниот архив како едни од поскапите објекти од проектот Скопје 2014. Покривот на театарот исто така прокиснувал по што министерот за култура Алаѓозоски најави дека ќе се покрене истрага за кривична одговорност кај изведувачите на проектот како и нарачателите.

Можеби ќе ве интересира

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нови цени на горивата, што договорија Заев и Ахмети?

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нови цени на горивата, што договорија Заев и Ахмети?

По средбата Заев - Ахмети има ли конкретни имиња кои ќе бидат сменети?

По средбата Заев - Ахмети има ли конкретни имиња кои ќе бидат сменети?

Богоевски закажа седница за одземање на мандатот на Груевски

Богоевски закажа седница за одземање на мандатот на Груевски

Џеват Адеми кажа од каде треба да почне „метлата“

Џеват Адеми кажа од каде треба да почне „метлата“

Првиот грчки F16 ја прелета Македонија

Првиот грчки F16 ја прелета Македонија

УНЕСКО бара Охрид да се стави на листата загрозено светско наследство

УНЕСКО бара Охрид да се стави на листата загрозено светско наследство

Копров им се извини на Србите затоа што не добија од нас ниту еден поен

Копров им се извини на Србите затоа што не добија од нас ниту еден поен

Апелационен суд не ја прифати жалбата на Спиро Ристовски

Апелационен суд не ја прифати жалбата на Спиро Ристовски

Едмонд Темелко не се откажува од градоначалничката функција

Едмонд Темелко не се откажува од градоначалничката функција