11 Август, 2020
0.0200

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Силен северен ветер со брзина до 90 километри на час и дожд

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020

Синоптичарите најавуваат променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи во текот на претпладневните часови. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено по текот на Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот на одредени места ќе достигнува брзина и над 90 километри на час, а УВ индексот ќе изнесува 7.

И во текот на утрешниот ден ќе биде облачно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Слично време не очекува и во Скопје каде што во текот на денот ќе почне да дува силен северен ветер. Максималната ќе достигне 26 степени.

Од среда следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.


Можеби ќе ве интересира

Берово сега има пет активни случаи на коронавирусот

Берово сега има пет активни случаи на коронавирусот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денес нема договор за Влада, а во авион кој летал до Финска имало 24 позитивни

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денес нема договор за Влада, а во авион кој летал до Финска имало 24 позитивни

Најдоцна до петок Заев ќе го добие мандатот, смета Трајанов

Најдоцна до петок Заев ќе го добие мандатот, смета Трајанов

Правел свадба во време на пандемија, за што „заработи“ кривична

Правел свадба во време на пандемија, за што „заработи“ кривична

Државјанин на Македонија кој привремено работи во Хрватска е заразен со корона

Државјанин на Македонија кој привремено работи во Хрватска е заразен со корона

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: Kако дојдоа тие лица од Косово тука во Македонија, како поминаа граница?

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: Kако дојдоа тие лица од Косово тука во Македонија, како поминаа граница?

Зголемен е процентот на исполнетост на возилата за превоз на патници до 75 отсто

Зголемен е процентот на исполнетост на возилата за превоз на патници до 75 отсто

Ќе воведе ли Македонија задолжителни транзитни ПЦР тестови: Филипче утре ќе даде предлог до Комисијата за заразни болести

Ќе воведе ли Македонија задолжителни транзитни ПЦР тестови: Филипче утре ќе даде предлог до Комисијата за заразни болести

Македонски државјанин повреден во сообраќајка близу Саранда

Македонски државјанин повреден во сообраќајка близу Саранда