ДОЖИВУВА БУМ: Ова вреди како златото
Објавено во: Економија 22 Мај, 2019
Паладиумот вреди како златото.
Поради растот на индустријата за автомобили, овој метал е многу баран и инвеститорите се заинтересирани за него.
Тој чини 1.200 долари за унца. Со тоа паладиумот стана вреден како и златото.
Паладиумот се користи за производство на катализатори, кои ја намалуваат емисијата на штетни гасови.
Строгите регулативи за заштита на природата наложуваат да се зголеми побарувачката на паладиумот.
Се очекува дека и во иднина ќе расте побарувачката на паладиумот во Кина.