28 Март, 2024
0.0251

ДРАГАН НАКОВ И ФИЛИП МИШЕВСКИ ГО ПРЕЗЕМААТ УПРАВУВАЊЕТО И РАКОВОДЕЊЕТО СО „ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ“ - еве ги нивните нови позиции

Објавено во: Економија 06 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Драган Наков, син на Штерјо Наков, заедно со Филип Мишевски, го преземаат управувањето и раководењето со „Хотели Метропол“ Охрид. 

Имено, Драган Наков ќе биде претседател на Одборот на директори на „Хотели Метропол“, компанија каде што „Фершпед“ поседува 73,5 отсто од капиталот, а самиот Драган Наков има во своја сопственост 665 акции на акционерското друштво од Охрид. 

Додека, пак, Филип Мишевски ја презема позицијата генерален директор на компанијата.

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:

Хотели Метропол АД Охрид известува дека од новоизбраните членови на органот на управување за Претседател на Одборот на директори е именуван Драган Наков, а за Извршен член - Генерален директор Филип Мишевски. Од членовите на Одборот на директори Драган Наков поседува 665 обични акции во друштвото“, се вели во објавата од „Хотели метропол“ до инвеститорската јавност, испратено преку Македонската берза. 

Како што веќе пишуваше Фактор, лани најголема хотелиерска компанија на охридското крајбрежје беше најголемата хотелиерска компанија „Хотели Метропол“ со вкупен приход од 2,8 милиони евра и добивка од 90.000 евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?