Драган Тевдовски стана член на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје
Објавено во: Економија 25 Март, 2020
Гувернерката на НБРСМ, Aнита Ангеловска Бежовска со решениe бр.15-780/9 од март 2020 година, издаде претходна согласност за именување на Драган Тевдовски за член на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје. Согласноста е издадена за период од 4 (четири) години, сметано од денот на приемот на Решението.
Информацијата е објавена на Македонска берза.