18 Април, 2024
0.0264

Драги Рашковски во вторникот побарал да се врати на професорското место во УКИМ

Објавено во: Македонија 17 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во вторникот од Деканатот на Правниот факултет на УКИМ побарал да биде вратен на професорското место откако ја депонирал оставката од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти, објави Телма.

На Рашковски како на вонреден професор работното место му било ставено во мирување, но за Деканатот било спорно тоа што во меѓувреме, како што сметаат од таму, не обавувал функција. Од таму, толкувајќи го Законот за избрани и именувани лица, бил функционер само додека бил владин генерален секретар, а потоа бил именуван единствено од премиерот Зоран Заев во неговиот кабинет.

Спорно било дали неговото работно место било функционер или административен службеник во Владата, бидејќи станува збор за позиција „секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти“.

- Според Законот за Влада, премиерот има право да го оформи тимот во својот кабинет. Во рамки на канцеларијата на премиерот, беше воспоставен Секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на Програмата на Владата на Република Северна Македонија,а  за секретар од страна на премиерот беше именуван драги Рашковски, с евели во одговорот на Владата

Рашковски во моментов е во куќен притвор, а Обвинителството го сомничи за меѓусебно поврзани јавни набавки кои го оштетиле државниот биџет за 177.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари