ДРАГИША УСПЕШНО ЗАКРЕПНУВА - ранетиот Србин во инцидентите на Косово утрово имаше посета во болница
Објавено во: Балкан 03 Јуни, 2023
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово го посетил Драгиша Галјак, Србин кој беше тешко повреден во неодамнешните инциденти на Косово, и за кого лекарите првиот ден говореа дека е во животно загрозувачка ситуација.
„Драгиша Галјак, Србин кој беше тешко ранет од полицијата на Курти, успешно закрепнува. Му посакав добро здравје, и она за што Драгиша се бореше целиот свој живот, слобода“, напиша Вучиќ на својот официјален инстаграм профил, а објави и фотографија од посетата на ранетиот пациент.
Фото и извор: Инстаграм