19 Април, 2024
0.0293

ДРАМА НА „МОНСТРУМ“ - обвинетите ја прашуваа Јанкулоска, Фетаи стои на ставот дека тие се сторителите

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Тензично беше денеска на рочиштето за Монструм. Тоа доведе и да се даде пауза за време на сведочењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. До расправијата дојде меѓу обвинетите, нивните адвокати, обвинителката Фатиме Фетаи, а се надоврзаа и родителите на убиените момчиња. На крајот судиите мораше да дадат опемена дека ќе казнуваат ако не се смири тензијата.

Обвинетиот Фејзи Азири ја праша Јанкулоска дали се сеќава на разговор направен неколку дена по петкратното убиство со тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, и од каде таа знае за вештачење, кое, како што тврдеше Азири, не било изготвено, а се однесува на трагите од земјата на гумите на автомобилот „опел омега“. Тој беше упорен, па судот и обвинителите почнаа да ги листаат папките со докази. Откако транскриптот беше најден беше прочитан. Во тој разговор екс министерката го информира Јанакиески дека немале потежок случај за работење, а Јанакиески вели дека има идеја да се провери дали автомобилот можеби е земен од плацот на Агенцијата за одземен имот. Таа на ова му објаснува дека сознанијата околу колата се чисти и дека потребно е само да им се каже случајно ако некој полнел гориво и застанал на некоја бензинска пумпа дали платил со кеш или картичка и оттука да се добие некоја информација. Азири инсистираше Јанкулоска да каже како дошла до таа информација, велејќи „Од каде таа знае чија е колата и дали таа кола била таму на местото?“.

Обвинителката Фетаи на ова рече дека можеби треба бегалците Агим и Африм да се прашаат како дошле до колата. 

Азири, пак, тврдеше дека Јанкулоска ги знаела резултатите од вештачењата на земјата најдена на гумите уште пред тие да бидат изготвени. Јанкулоска рече дека не може конкретно да се сети на датуми и тоа што го имала како информација е претходно проверено од стручни лица.

Адвокатите на обвинетите побараа судот да ја опомене Фетаи која ги посочува двајцата обвинети како веќе осудени, иако за нив во моментов нема правосилна пресуда. Фетаи, пак, рече дека таа има поднесено обвинение против тие лица и стои на ставот дека тие се сторителите, на што адвокатите реагираа дека не ја почитува пресумпцијата на невиност, а за овие лица Врховниот суд веќе еднаш ја укинал пресудата. Горан Наќевски, татко на убиениот Александар, пак, на ова рече дека пресудата ја укинале од ДУИ.

Инаку, според Јанкулоска, информациите кои доаѓале до неа за убиството биле за крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, и за неа тогаш дел биле издржани, а дел и веднаш отфрлани. На прашање на Фетаи дали таа се сретнала со Сашо Мијалков бидејќи во бомбите можело да се слушне дека тој и рекол дека има анализа за случајот и дека ќе и ја презентирал, Јанкулоска рече дека не се сеќава дека присуствувала на таква презентација. Фетаи ја потсети дека и меѓународни претставници присуствувале на таа презентација. Јанкуловска, пак, рече дека таа држела повеќе состаноци со меѓународната заедница околу настанот.

Фетаи ја праша и дали се сеќава на политички консултации околу екстрадиција на осомничените со екс министерот за правда Блерим Беџети, каде се „пазарат” дали да се донесат осомничените пред или после изборите, на што ексминистерката одговори дека имала повеќе разговори и се консултирала за активностите околу случајот, а не политички.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?