ДРАМА ВО ПОРТА ВЛАЕ: Со пушки и пиштоли ограбиле казино
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2020
Вистинска драма се случувала утрово во трговскиот центар Порта Влае. Имено во казино кое е сместено во трговскиот на улицата „Партизански одреди“ влегле насилници кои со закани со пушки и пиштоли од вработените го одзеле сиот дневен промет. Парите ги ставиле во торби и вреќи и заминале.
Од полицијата го потврдуваат случајот и велат дека превземаат мерки за расчистување на случајот. Други детали за евентуални повредени вработени и гости не се соопштуваат.