ДРАМА ВО СПЛИТ Силна експлозија одекна во центарот на градот, повредени се неколку лица (Видео)
Објавено во: Балкан 01 Октомври, 2022
Денеска имало силна експлозија на улицата Загребачка во Сплит. Според првите информации неколку лица се повредени.
Се работи за експлозија на гас во ресторан за брза храна, јавува Далмација Данас.
Како што неофицијално дознава хрватскиот весник, готвачот на ресторанот е тешко повреден, додека неколку лица кои чекале пред брзата храна се полесно повредени. Станува збор за странски државјани.
Блиц.рс пренесува дека две лица кои се наоѓале во брзата храна биле пренесени во болница, како и дека од силината на експлозијата биле оштетени околните згради.
На местото на настанот се испратени сите служби за итна помош.
Фото:Принскрин/Видео Далмација