20 Април, 2024
0.0293

Драматичен апел на Заев и Рама: Дајте датум за преговори за пристапување или ќе се соочите со националисти

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Националистичките сили ќе зајакнат на Балканот ако Албанија и Северна Македонија не добијат зелено светло за старт на преговорите со Европската унија до есента, порачаа премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев за британски Фајненшл тајмс.

Како што пишува тој медиум, премиерите на двете земји ги предупредиле министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на „можни последици“ по одложувањето на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ за есента.

-Не ни треба нов радикализам, национализам и популизам во нашата земја-кажал премиерот Заев, додавајќи дека не е важно „дали ќе добиеме одлука за почеток на преговори од Европскиот совет во јуни или октомври“, но, истакнува дека „ако тоа е октомври , нека биде конечно“.

Албанскиот премиер Еди Рама изјавил дека, ако регионот на Балканот не е целосно интегриран, тоа би можело да и наштети на ЕУ.

„Западен Балкан е како орган на тело кое се влече и крвари. Не е можно да се држи вака, може да дојде до зараза што би било опасно за цел организам“-рекол Рама.

Фајненшал тајмс, исто така, наведува дека Северна Македонија минатата година го решила повеќегодишниот спор со Грција во врска со уставното име на земјата и дека, по потпишувањето на договорот пред референдумот минатиот јуни, лидерите на ЕУ ветија дека „ќе го постават патот кон отворање преговори за (македонско) пристапување во јуни 2019 година".

Весникот наведува дека Европската комисија (ЕК) дава позитивни препораки за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија веќе 15 години, додека во случајот со Албанија препораките на Комисијата за преговори се повторуваат од 2014 година.

Минатата недела холандскиот парламент гласаше за одвојување на процесот на пристапување на Северна Македонија и Албанија, додека холандските пратеници гласаа за укинување на безвизниот режим за албанските државјани кои патуваат во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд