ДРАМАТИЧНО ПРЕДВИДУВАЊЕ: Eврото во колапс поради Турција?
Објавено во: Економија 14 Август, 2018
Италијанската партија Северна лига предупредува дека еврото ќе биде во колапс.
Велат дека еврото ќе се сруши ако Европската централна банка не понуди гаранција во еврозоната.
„Ситуацијата сама од себе не може да се реши, и ќе експлодира“ - вели портпаролот на партијата, Клаудио Борги.
Ова предупредување следи откако италијанските, португалски и шпански државни обврзници пораснаа, по кризата во Турција.
Еврото падна на 1,1416 долари, и такво нешто не се случило повеќе од година дена.
Се смета дека турските должници на странските банки нема да можат да ги плаќаат долговите.