29 Март, 2024
0.0269

ДРАМАТИЧНО РАСТЕ КАМАТАТА НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО НА ДРЖАВАТА КАЈ БАНКИТЕ - последните обврзници достигнаа и до 5,2 проценти

Објавено во: Финансии 09 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Драматично расте каматата на државните обврзници преку кои државата се задолжува на домашниот пазар. 

На најновите аукции државата се задолжи на вкупна сума од 18 милиони евра, а каматната стапка на тие обврзници достигна и до 5 и до 5,2 проценти. Тоа е веќе двојно повеќе од каматата која државата ја постигнала за своето задолжување дома во јануари годинава, кога каматната стапка на државните обврзници изнесувала 2,6 проценти.

Најновите државни обврзници ќе котираат на Македонската берза, а за тоа берзата ја извести инвеститорската јавност.

Првата државна обврзница почнува да котира од денеска на Официјалниот пазар на потсегментот Берзанска котација. Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула, а вредноста на емисијата е 757.520.000 денари, или 12,3 милиони евра. Тоа се 15 годишни обврзници, бидејќи се издадени на 17 претходниот месец, а датумот на нивното доспевање е 17 ноември 2037 година. Каматната стапка на оваа обврзница ќе биде 5 отсто.

Вториот вид на хартиите од вредност кои исто така со котација ќе почнат од денеска се државни обврзници  без девизна клаузула. Вредноста на емисијата е 352.430.000 денари или 5,7 милиони евра.Обврзницата е издадена на први декември годинава, а датумот на доспевање и е исто така после 15 години. Нејзината каматна стапка е дури 5,2 проценти, која одамна не е запаметена за задолжувањето на државата на домашниот пазар.

Пред околу еден месец, пак, на берзанска котација дојде 15 годишна обврзница на сума од нешто над пет милиони евра. Нејзината каматна стапка беше 4,4 отсто, што тогаш се сметаше за многу висока стапка.

Врз основа на анализата што ја направи Фактор, може да се види дека првата државна обврзница што била издадена на почетокот на годинава каматната стапка изнесувала 2,6 отсто. Потоа, во март се издала обврзница со истата рочност, со износ од нешто над 15 милиони евра, а нејзината каматна стапка била 2,9 отсто. Следува исто така 15 годишната обврзница издадена во април, која била на помала сума од околу три и пол милиони евра и чија камата била пониска од претходната, 2,6 отсто.

Но, затоа, пак, во мај, државата имала многу поголема потреба од пари, поради што издала обврзница на сума од дури 16 милиони евра, а нејзината каматна стапка се искачила на 3,1 отсто. Како растеале притисоците од енергетската криза и потребата од пари за државниот буџет, така се зголемувала и каматната стапка, искачувајќи се на 3,7 отсто за 15 годишна обврзница издадена во јуни на сума од 5,7 милиони евра. Потоа веројатно дошло до мало релаксирање на условите, па во јуни била издадена уште една обврзница, на сума од шест милиони евра и со камата од 3,5 отсто. Но, радоста не траела долго, и во истиот тој месец се пристапува кон издавање на нова обврзница, „тешка“ 5,6 милиони евра, и со каматна стапка од 3,7 проценти.

Во август биле издадени три државни обврзници, со уште повисоки камати. Односно, една од обврзниците била на сума од пет милиони евра и имала камата од 4,2 отсто, втората тежела повеќе, односно 7,5 милиони евра и имала камата од 4 отсто, додека, пак, третата августовска обврзница била убедливо најгломазна и била издадена на износ од 25 и пол милиони евра, а нејзината каматна стапка изнесувала исто така 4 проценти. Во септември се издадени две обврзници, од кои првата е на мниогу мала сума од 750 илјади евра и имала камата од 4 отсто, додека, пак, втората октомвриска ваква хартија од вредност има сума од 14 милиони евра, а нејзината камата била 4,2 проценти.

Парите од ММФ имаат многу пониска каматна стапка.

Според податоците од НБМ, пак, на крајот на октомври, каматите на новоодобрените кредити на граѓаните и фирмите доделени од банките, стигнале до ниво од 4,44 отсто, што е многу значајно зголемување кај оваа категорија во однос на претходниот месец, кога тие биле на ниво од 4,09 отсто, што значи порастот е за 0,35 процентни поени. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка