ДРУГАР НА МАТЕЈ СЕ ОБИДЕЛ ДА СЕ САМОУБИЕ ПО ВРАЌАЊЕТО ОД БЕЛГРАД? - од големата тага момчињата се повлекле во себе
Објавено во: Балкан 22 Мај, 2022
Матеј Периш ќе биде погребан утре на гробиштата Ловринац во Сплит, а на истото место е погребан и неговиот најдобар пријател Ивор Алуниќ (26), кој трагично загина три месеци пред него.
Пријателите на Матеј минуваат низ ужасен период.
Како што дознава Курр.рс, пријателите на Матеј Периш се многу тажни поради неговата смрт, а особено им е тешко што тој е вториот човек во нивното друштво кој починува за кратко време.
Според извори на Курир, шестмината пријатели кои ги поминале последните часови од неговиот живот со Матеј и кои последен пат го виделе жив, минуваат низ страшен период.
- Првата неизвесност додека траеше потрагата. Илјада прашања и потпрашања, размислување што му се случило, каде отишол и зошто. Изјавите за полицијата во Белград а потоа и во Сплит, сето тоа направи огромен притисок. Како што слушнавме, еден од нив се обидел да се самоубие откако се вратил од Белград во Сплит, но го спасиле“, вели пријател и додава дека сознанието дека Матеј се удавил тешко ги погодило.
- Не прашувај како им е. Тие малтене се повлекоа во себе. Сите очекуваат некои одговори од нив, а ги немаат. Едноставно, во кобната вечер се забавувале, се радувале и се дружеле, а потоа Матеј го напуштил клубот. Не им било чудно, мислеле дека можеби отишол во тоалет или дека отишол со девојка. Кога сфатиле дека го нема, панично ја започнале потрагата, која завршила трагично на 18 мај, кога телото на Матеј било извлечено од Дунав во Белград - објаснува соговорникот.
Извор: Курир,рс