29 Септември, 2024
0.0263

ДРУГИТЕ ВЛАДЕЈАЧКИ БУГАРСКИ ПАРТИИ СИЛНО СЕ ОГРАДИЈА ОД ПРЕДЛОГОТ НА ТРИФОНОВ - членството на Северна Македонија во ЕУ е важно прашање за Бугарија

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Трите партии од владејачката коалиција - Продолжуваме со промените, БСП и Демократска Бугарија, силно се разликуваат од ставот на лидерот на Има таков народ Слави Трифонов за нашите односи со РС Македонија, пренесе БГНЕС.

Трифонов вчера во својот пост го поврза почетокот на преговорите за членство на РСМ во ЕУ со укинувањето на визите за САД и влезот на Бугарија во Шенген.

Андреј Ѓуров, претседателот на Продолжуваме со промените истакна дека Бугарија има јасен став за односите со Македонија. 

„Нашиот став за РСМ е многу јасен. Имаме стратегија како да ги водиме разговорите - да ги водиме на многу поинтензивно, на пошироко ниво, а не само во насока на историското минато. И така тие помагаат да ги приближиме нашите позиции во согласност со Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година. Ова е ставот на коалицијата и на Продолжуваме со промените. Овие работи не треба да се поврзуваат една со друга. Ова не функционира на меѓународно ниво - да се поврзе една одлука со друга“, изјави Ѓуров за Нова ТВ.

Ко-претседавачот на „Демократска Бугарија“ Атанас Атанасов го оцени коментарот на Трифонов како посебна иронија. Според него, укинувањето на визите за САД е ирелевантен и не треба така да се поставуваат работите, но генерално не гледа ништо лошо во изјавата на Трифонов.

„Членството на Северна Македонија во ЕУ е важно прашање за Бугарија. Мораме сериозно да го сфатиме ова прашање и да ги заштитиме нашите национални интереси. Да ги спроведеме договорите“, рече Атанасов, покажувајќи дека Демократска Бугарија не ја поддржува идејата на лидерот на Има таков народ.

Од изјавата на Трифонов се огради и потпретседателот на Народното собрание и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин кој повика на почитување на коалицискиот договор.

„Договорот за коалициско владеење меѓу ПП, БСП, ИТН и ДБ има јасен став за европската перспектива на Република Северна Македонија. Оваа тема останува еден од најголемите предизвици за Бугарија и владата во областа на надворешната и европската политика. Одржувањето широк политички договор и соработка меѓу институциите е клучно за успешна одбрана на бугарскиот интерес“, рече Вигенин.

Според него, „КСНС свикана од претседателот е добра можност да се добијат ажурирани информации и да се споделат политичките ставови за чекорите напред“. „Секој збор е важен, затоа се надевам дека импровизираните изјави во прелиминарната фаза ќе бидат минимизирани за да не се создаде лажна претстава за пукнатини во бугарската позиција или меѓу коалициските партнери“, рече Вигенин. 

Извор: БГНЕС

Можеби ќе ве интересира

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала