19 Март, 2024
0.0257

Држ - не дај со новата методологија за цената на бензините: Зошто државата чекаше фотофиниш?

Објавено во: Економија 23 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Во новиот закон за енергетика многу слабо се регулира пазарот на нафта и нафтени деривати, иако половина од сиот пазар на енргенси отпаѓа на суровата нафта. Со само осум члена е регулиран пазар во кој се вртат милиони и кој е подложен на криминал, тврдат познавачи за Фактор. А законското решение веќе падна на првиот тест – новиот начин на формирање на цената на нафтените деривати. Законот кој беше донесен уште лани, а кој беше нужност поради низа нерегулирани енергетски прашања и барања од Европската енергетска заедница сега мораше повторно да се менува за да се донесе новата методологија за формирање на цената на бензините. Имено до сега цената се формираше според утврдени правила од договорот со ОКТА кој истекува на 8 мај годинава, а измените на законот кои предвидуваат цените да се формираат по нова методологија не се уште на сила. Од нафтените компани кои дистрибуираат деривати прашуваат зошто законот првично не го регулирал ова прашање, па мораше да се носат измените и зошто надлежните чекаа толку време па во последен момент или во фотофиниш ги правеа овие законски измени.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека тие се сториле на време и дека на тоа работеле уште од ноември лани. Регулаторната комисија ќе биде таа која ќе ја утврдува цената и по новите правила, а претседателот на комисијата Марко Бислимовски за Фактор вели дека немало да има проблеми ако актуелниот претседател го потпишел указот за законските измени. Иако експертите велат дека државата се ставила во лоша позиција уште кога го носела законот, па превидела дека договорот со Окта истекува годинава поради што одредбите сега мораше да се менуваат, првиот регулатор вели дека се може да се поправи.

„Законот е таков каков што е. Делови се земени од старото законско решение. Сепак во меѓувреме направено е се за да се донесат измените кои ќе регулираат дека ние ќе ја формираме цената по нова методологија. Е сега тоа што указот на измените не е прогласен, не е наша вина, иако јас мислам дека нема да има голем вакуум простор и идниот претседател ќе ги потпише измените. Нема да дозволиме ниту големи ценовни скокови, вели Бислимовски.

Моментно, или по старо, цената на дериватите се формира согласно одредби предвидени во Анексот Д од договорот со Окта. Во новиот закон за енергетика донесен лани прашањето е регулирано со неколку членови меѓу кои членот 28 и членот 149. Во членот 149 стои:

„ По барање на друштвото кое врши дејност преработка на сурова нафа и производство на нафтени деривати, РКЕ донесува одлука за највисоките и најниски малопродажни цени на одредени деривати според прописите од членот 28.

Се поставува прашањетозошто воопшто има одредба со ваква содржина затоа што ОКТА веќе неколку години не произведува деривати, а дополнително договорот со друштвото истекува годинава. Затоа Министерството за економија побара измени на законот и на членот 28 каде е регулиран во детали начинот на пресметка, па се носеше нова методологија за пресметка на цената. Сега оваа методологија е заглавена, а има само уште кратко време. Последната одлука по старите правила треба да биде донесена на 30 април, после што, ако не стапат на сила новите правила, нафтените компании сами ќе ги одредуваат цените. Бислимовски вели дека државата нема да дозволи голем скок, но сепак тоа не може да се гарантира. Тој вели дека се надева оти новиот претседател на државата веднаш ќе го потпише указот на измените.

Инаку според новите правила Регулаторна ќе ја формира цената, не како досега по произвдона цена туку основно по цената на нафата на светските берзи.

„Ќе ги земеме предвид и дополнителни трошоци на компаниите за носење на дериватите, други давачки за транспорт до пумпите, плус ќе има и трошок за складирање и маржа, вели Бислимовски.

Зошто се доведе државата во ваква ситуација навистина е нејасно, но според наши информации, властите зсе согласуваат оти Законот има недоследности во покривањето на пазарот за нафтени деривати и најверојатно во следниот период тие ќе мора да се менуваат.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ СО КРЕДИТИ: Се очекува намалување на каматите - издржете уште малку, еве кога ќе се случи тоа

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ СО КРЕДИТИ: Се очекува намалување на каматите - издржете уште малку, еве кога ќе се случи тоа

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?