18 Април, 2024
0.0249

Државата бара приватен партнер-дистрибутер на гас

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за економија не прецизира кога ќе биде објавен огласот за јавно-приватно партнерство за управување со новиот систем на дистрибуција на природниот гас, но она што е јасно засега е дека постапката ќе започне наскоро и ќе биде завршена за точно две години, по владината одлука донесена на крајот од минатата година.

Прво ќе се води дијалог со кандидатите за тоа колку ќе се плаќа за приклучок на дистрибутивната мрежа кој ќе го плаќаат крајните корисници (приклучна такса); колкав надоместок планираат да одвојат за државата и за колку време ќе може да ја  завршат градбата на дистрибутивниот систем. Според владината одлука, главна предност на конкурентите ќе биде нивното искуство од оперирање во урбаните средини. Другите услови за воспоставување на договор за јавно приватно партнерство се определуваат во тендерската документација. 

Приватниот партнер ќе плаќа за договорот доделен од државата така што ќе издвојува однапред предвиден процент од годишниот приход. Времетраењето на договорот според законот за концесии и јавно приватно партнерство ќе изнесува најмногу 35 години.

„Комисијата за спроведување на постапката за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија, е во процедура на подготовка на тендерската документација, нацрт договорот и јавниот оглас и истата го објавува јавниот повик за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство, во рок не подолг од 30 дена од денот на формирањето на Комисијата“, гласи дел од одговорот испратен од Министерството за економија.

Предмет на договорот со приватниот оператор на национално ниво ќе биде изградбата на системот за дистрибуција, изградбата на дистрибутивната мрежа, инвестирање во приклучоци до крајните потрошувачи како јавни институции, домаќинства и комерцијални корисници, вклучувајќи ја и опремата за мерење и регулација (МРС), Приватниот партнер ќе врши дистрибуција на природен гас на целата територија на Македонија, ќе го одржува системот и ќе инвестира во адаптацијата и набавката на опрема за производство на топлинска енергија кај постоечките објекти. 

Владата на крајот од минатата година донесе одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство кое ќе треба да го финансира, проектира, изгради и да управува и да го одржува дистрибутивниот систем на природен гас на национално ниво.

Во одлуката на Владата стои дека порастот на цената на енергенсите во идниот период ќе биде со висока стапка, а граѓаните како и субјектите од комерцијалниот и јавниот сектор потешко ќе може да ги сервисираат финансиските обврски со постојните извори на енергија. Обезбедувањето на евтин енергенс како гасот ќе доведе до поквалитетно загревање и ладење на резиденцијалните, комерцијалните и јавните објекти, намалување на производните трошоци и заштедување на финансиски средства.

Целта е јавни установи да добиваат загревање од систем кој е поекономичен, еколошки чист и заштедува финансиски средства, односно ги намалува трошоците во однос на постојниот традиционален начин. Според Владата, евтин енергенс ќе добие и комерцијалниот сектор за да може да ја зголеми конкурентноста, односно пониски производни цени, како и подигање на еколошките стандарди.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи