25 Април, 2024
0.0324

Уцена до фирмите: Ако се откажеш од каматите и дел од долгот, побргу ќе ги добиеш парите

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

97,5 милиони евра се вкупните долгови со пробиен рок кои треба да ги исплатат општините кон добавувачите и операторите на други услуги, од кои половина од нив со пари од ребалансот на државниот буџет. Станува збор за основен долг без судски решенија и камати. според податоците кои ги собра Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските на Министерството за финансии до крајот на септември 2018-та, а објавено во Службен весник.

Според член 12 од новото законско решение за финансиска поддршка, приоритет при враќањето на парите ќе имаат фирмите кои ќе се откажат од каматите и дел од основниот долг. Не е јасно за каков приоритет станува збор, иако се очекува тоа да се доуреди со подзаконски акти.  Звучи неправедно, но приоритет за исплата ќе имаат оние доверители кои ќе се откажат од 15 отсто од главнината на долгот и плус од каматите. Со ова тие се ставени пред свршен чин доколку сакаат да им се исплатат што е можно повеќе од парите за пократко време.

Долгот е објавен  со стапувањето на сила на Законот на финансиска поддршка на единиците на локална самоуправа, кој ќе трае до крајот на 2019-та а го опфаќа и ребалансот на буџетот за 2018, од каде што ќе се исплатат половина од овие неисплатени обврски како „компензација“ за непотрошените средства наменети годинава за капитални инвестиции.

Охрид води на листата со 971 милиони денари долг и на листата на најголеми должници заедно со Тетеово со 918 милиони убедливо водат пред другите. Карпош со 486 милиони денари има огромен долг во однос на другите скопски општини. Битола со 307 милиони денари за краток период го завзеде четвртото место, бидејќи претходно се веруваше дека должи помалку од локалните самоуправи на Струга, Куманово  итн.На петото место е Струга со 262 невратени милиони денари.  Куманово е на шестата позиција со 233 милиони. Од скопските општини голем долг имаат  уште Гази Баба (140 м.), Чаир (138) и Кисела Вода (127). Изненадувачки, иако се сметаше дека Центар има проблеми со задолжувањето, евиденцијата покажува дека има само 3,2 милиони. Дисциплинирани се и Ѓорче Петров и Бутел со околу 3 милиони и Аеродором со 6 милиони. Од поголемите македонски градови треба да се пофали Штип со само 8 и Прилеп со само 10 милиони долг. Од помалите градови, забележлив е високиот долг на Дебар од 109 милиони, додека од руралните општини најмногу има за враќање Врапчиште (126 милиони).

Се тврди дека нема податоци, но во Ревизорскиот извештај стоеше дека на крајот на 2016 година, општините во земјава имаат неподмирени обврски кон добавувачи од 82 милиони евра без камати и судски решенија. За неполни две години долгот нараснал за повеќе од 15 милиони евра.

Станува збор за доспеани, а неплатени обврски на општините, а државата пркеу законски измени ќе даде 3 милијарди денари за да се вратат половина од долговоите. Парите ќе се исплатат на посебна наменска сметка до 31 декември. Општините треба да упатат повик до сите доверители да се јават на преговори за да им се вратат средствата што им се должат, а градоначалниците се должни до 30 ноември 2019 да изготват извештај за вратените долгови. Финансиските инспектори можат да изречат казни од 1.000 до 5.000 евра доколку градоначалниците и одговорните лица не се придржуваат до одредбите.

Топ 20 најзадолжени општини:                                              Александар Кузмановски

1. Охрид 971.132.394 денари

2. Тетово 918.811.611

3. Карпош 486.927.773 

4. Битола 307.830.474

5. Струга 262.203.073

6. Куманово 233.130.023

7. Кичево 146.371.050

8. Гази Баба 140.344.585

9. Чаир 138.505.129

10. Кисела Вода 127.027.735

11. Врапчиште 126.261.400

12. Гевгелија 118.876.728

13. Дебар 109.549.692

14. Гостивар 100.616.249

15. Ресен  99.969.503

16. Сарај 92.974.614

17. Велес 91.355.625

18. Желино 87.985.792

19. Пробиштип 72.737.150

20. Неготино 71.704.574


Можеби ќе ве интересира

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст