Државата ќе го дели бесплатно запленетото овошје и зеленчук од Кванташки
Објавено во: Економија 26 Април, 2023
Државниот пазарен инспекторат во акцијата против нерегулираната продажба на овошје и зеленчук на Кванташкиот пазар на големо, покрај во координација со МВР и УЈП, ја изведе заедно со Агенцијата за управување со одземен имот, а сега стана јасно зошто тоа било така.
Директорот на пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, доцна синоќа на социјалните мрежи сподели дека запленетотот овошје и зеленчук ќе бидат донирани за училиштата и болниците. Трајковски ги објави институциите каде што ќе се распореди запленетото и прикажа фотографии.
„По завршување на координираната акција на Кванташкиот пазар која денес Државниот пазарен инспекторат ја спроведе заедно со Управата за финансиска полиција, Министерство за внатрешни работи и Агенцијата за управување со одземениот имот, одржавме средба со г-дин Дритон Небиу, директор на Агенцијата и заеднички одлучивме запленетата роба од овошје и зеленчук да биде донирана во државните установи каде што е најнеопходна.
Донации од запленетите овошје и зеленчук предадовме во ЈУДД „11 Oктомври“ – Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид ‘’Димитар Влахов ‘’ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица - Куманово, Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци - Скопје и во КПУ Идризово“,
Трајковски додаде дека истите активности во рамки на регулирањето на ценовната инфлација ќе продолжат понатаму и им се заблагодари на институциите за поддршката.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.