24 Април, 2024
0.0295

Државата ќе троши уште пари за денационализацијата: Ненајавено нови обврзници

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација.

Државата подготвува измени на Законот за издавање на обврзници за денационализација за да издаде уште две нови обврзници. Според информациите на Фактор, наместо 18 колку што беа предвидени, Министерството за финансии ќе издаде уште две емисии односно вкупно 20. Во образложението на Законот за изменување стои дека ова се прави поради тоа што има потреба да се опфатат барањата за денационализација по кои се одлучува во повторна постапка, а за кои е потребно дополнително издавање на обврзници.

„Со Законот за издавање на обврзници на Република Македонија се предвидени 18 емисии на обврзници за денационализација, а Владата на Република Северна Македонија со одлука годишно го утврдува износот на обврзниците што ќе се издаваат. Процесот на денационализација заврши во првостепена постапка, но дел од решенијата не се конечни, односно по истите сè уште се водат управни спорови или се вратени од судовите на повторно постапување. За да се овозможи исплата по овие предмети по нивната правосилност, има потреба од зголемување на бројот на емисиите на обврзници за денационализација“, образложуваат од Министерството.

Инаку ова не е прв пат Владата да го зголемува бројот на планирани обврзници за денационализација, иако се тврдеше дека со 18-те планирани процесот конечно ќе приврши. Во 2013 година, тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески иако еднаш го затвори овој процес, повторно најави дека наместо 12 ќе издаде 14 емисии. Потоа ова повторно беше променето и наместо 14 беше одлучено да има 18 емисии. Последнта или 18. емисија е издадена во јуни годинава и тоа во вкупна вредност од 6,5 милиони евра. Со неа опфатени се сите правосилни решенија за денационализација од 1.1.2018 година до 31.12.2018 година со кои како надомест се даваат обврзници.

Инвеститорите инаку имаат голем интерес за овие обврзници и покрај тоа што чекаат долго да им се врати вложеното. Станува збор за неризични хартии од вредност за кои гарантира државата, а дополнително се деноминирани во евра. 

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?