26 Април, 2024
0.0285

Државата не се грижи каде граѓаните ги фрлаат лековите од дома: Колкав медицински отпад завршува во контенјер

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Во Македонија никој не е надлежен да го селектира медицинскиот отпад на граѓаните и никој не мери колку се фрла годишно од жителите. Речиси секое семејство фрла по некој лек месечно, во некои месеци се фрла и повеќе. Државата нема информација колку домашен медицински отпад фрлат граѓаните, отпад кој е опасен по животот на луѓето но и за животната средина.

Од минстерството за животна средина и просторно планирање велат дека тие немаат надлежност да воспоставуваат собирни места за домашен медицински отпад. Според нив, обврските за сите чинители се регулирани со Законот за управување со отпад и со подзаконски акти. Опасниот отпад кој се создава од домаќинствата треба да се отсранува на соодветни локации за кои што е одговорна општината.

„Медицинскиот отпад претставува ризик за оние кои го создаваат, пакуваат, складираат, транспортираат, третираат и вршат отсранување. Можноста за инфекција од некои заболувања како:СИДА, Б и Ц хепатит, ТБЦ, колера, дифтерија и др. и нивно ширење во болниците, поради несоодветно управување со овој отпад е голема. Медицинскиот отпад којшто се собира од болниците, стоматолозите, лабораториите низ земјава се складира во посебни контењери и истите се носат во депонијата „Дрисла“ во Скопје, кадешто се гори отпадот “, велат од Министерството за животна средина.

Фактор анкетираше неколку граѓани токму на оваа тема, тие велат дека секој ден фрлат најмалку две кеси ѓубре, ретко селектираат отпад и најмногу фрлаат храна.

„ Дневно како четричлено семејство фрламе најмалку 3 кеси ѓубре. најискрено многу ретко селектираме пластика на едно место, хартија на друго, најчесто во истата кеса фрлам се. А кога веќе ме замисливте со прашањево искрено ќе одговорам дека можеби и ние како чинители на општеството треба повеќе да обрнеме внимание на животната средина и да започнеме со одделување на ѓубрето и фрлање на вистинското место. Но, како и се така и за ова, би започнале со селектирање само и единствен ако не притиска законот. А годишно со две деца кои се вклучени во основниот образовен процес би кажала дека фрлам околу 6 до 8 шишенца сируп, и околу 2 ленти лекови, најчесто со изгубена декларација“, вели за фактор анкетираната скопјанка А.С.

Граѓани од средното доба имаат поголема навика за одделување на пластиката од вкупниот домашен отпад.

„Години наназад ја собирам пластиката, посебно пластичните шишиња и ги закачувам на оградата од дворот, за да може да ги земе човекот кој ги собира и препродава на отпад. А домашен медицински отпад не фрлам, односно празната лента од лековите ја фрлам во посебните жолти контењери обележени со пластика. Семејството ми е поголемо и затоа и отпадоците коипто се фрлаат дневно се поголеми, најмалку 4 кеси “, споделува Б.З повозрасен граѓанин.

Младите родителите фрлат повеќе домашен медицински отпад.

„Откако имаме дете, дома имаме буквално мала аптека, за секој случај лекови против температура, пробиотици, електорлити, антихистаминици, витамини . ..  Ако е отворен сирупот и не допиен после употреба го фрлам задолжително, не го оставам отворен да стои во фрижидер иако на декларацијата пишува дека може да се консумира до 6 месеци по отварањето. Кога беше бебе малата фрлав многу повеќе медицински отпад, а сега веќе е 5 години и фрлам околу 7 шишиња сируп во текот на една година.Не го селектирам отпадот, немам навика, но сум приметила и навистина ми е криво, најмногу фрлам храна и тоа зготвена“, истакнува триесет и две годишната И.Ш.

Од минстерството за животна средина велат дека веројатно расте свеста кај граѓаните за штетноста од отпадот врз животната средина. Но, исто така граѓаните имаат прав но и обврска да го селектираат отпадот.

На прашањето како можат да помогнат жителите на државата на оваа тема, од министерството за животна средина велат дека, граѓаните треба да бараат од своите општини да основат собирни центри каде што ќе може да го остават отпадот селектирано, а не да се фрла во контењерите за комунален отпад.

Во 2017 година биле собрани вкупно 716,25 тони медицински отпад. Најголем дел од овој отпад е од Скопје.

Н.М.

Фото fineartamerica.com, Good News Network, MyHealth Beijing

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот