19 Април, 2024
0.0284

Државата почна да му ја исплаќа А1 Арена „Борис Трајковски“ на Град Скопје, платена првата рата од милион евра

Објавено во: Економија 14 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Државата започна да му го исплаќа на Град Скопје сопственичкиот удел во А1 Арена „Борис Трајковски “ Скопје, откако на крајот на април Министерството за финансии ги префрлило првите 60 милиони денари на сметката на центарот.

Градските власти интензивно започнаа да ги бараат овие пари уште пред три години додека министер за финансии беше Драган Тевдовски по основ на сопственичкиот удел на Градот во спортскиот комплекс, кој од градска сопственост премина под државна капа. 

Поранешната власт пред 13 години се задолжи околу 4 милиони евра кај Град Скопје, а до сега пет пати бил потпишуван анекс на договор. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов бараше долгот да биде вратен неколкукратно, по една рата годишно.

Александар Петровски, директорот на А1 Арена „Борис Трајковски“, вели дека парите штом центарот ги добил од Министерството за финансии веднаш ги наменил за исплата кон Град Скопје.

- Првата рата од милион евра требаше да се исплати конечно минатата година но поради ситуацијата со пандемијата наидовме на разбирање од градоначалникот Петре Шилегов, така што може да се смета дека оваа е првата. Останатите три ќе следуваат во наредните години, така што во последната рата ќе биде вклучен и остатокот кој ги надминува овие 4 милиони вера. Тоа се пари кои секако ќе бидат добредојдени како помош за градот, вели Петровски.

СРЦ „Борис Трајковски“ почна да се гради на почетокот на 2004 година, со пари од градскиот буџет, во времето на градоначалникот Ристо Пенов. Требаше да се реализира за една година, но плановите не се остварија. Започнатиот проект го продолжи градоначалникот Трифун Костовски. Во негово време Град Скопје и Владата потпишаа договор за примопредавање на салата.

 Беше формирано заедничко друштво „Борис Трајковски“ кое раководеше со објектот, а секој од инвеститорите доби соодветен број акции во него, според парите што ги вложил. Откако објектот премина под државна капа, Владата се обврза да му плати отштета на Град Скопје за уделот што локалната власт го имала во изградбата.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите