29 Март, 2024
0.0633

Државата потврди дискриминација кај скопски ресторан кој не и дозволи на муштерика со хиџаб да седне на маса

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Kомисијата за заштита од дискриминација како државен орган потврди дискриминација врз основа на религија и верско уверување врз девојка која носела хиџаб, на која не и било одобрено да седне на маса во ресторанот Портофино Остериа и Бар од Скопје, потврди денеска комисијата. КЗД ќе бара одговорност од ресторанот пред надлежниот орган доколку не ја отстрани оваа пракса, велат од таму.

КЗД постапи по преставка од Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој овој случај го пријави во октомври. Мрежата за заштита од дискриминација ја повика Комисијата за заштита од дискриминација во рамките на своите овластувања да го истражи случајот, да утврди дискриминација врз основа на религија и верско уверување, да му препорача на ресторанот да ја отстрани повредата на правото и во иднина да престане со дискриминаторската пракса на ограничување на пристапот до јавни добра и услуги на жените од муслиманска верска припадност кои носат традиционална муслиманска облека.

На 14 септември 2018 година до Хелсиншкиот комитет за човекови права се обрати странка која пријави дискриминација врз основа на религија и верско уверување во пристап до ресторанот Портофино Остериа и Бар. Странката заедно со две пријателки се обидела да влезе во ресторанот Портофино Остериа и Бар, каде пристапот им бил ограничен со објаснување дека без резервација не може да бидат услужени. Во моментот кога се обиделе да влезат во ресторанот странката носела хиџаб, додека нејзините пријателки не. Лицата го напуштиле ресторанот, каде десетина минути подоцна, една од пријателките на странката се вратила во ресторанот и без никаков проблем добила маса без претходна резервација. Таа пробала да дознае зошто не ѝ бил дозволен пристап во ресторанот на нејзината пријателка која носела хиџаб и дали ресторанот им забранува пристап на жени и девојки кои носат хиџаб, на што не добила одговор и си заминала.

Во одговор на овие барања, Комисијата за заштита од дискриминација на 28.12.2018 донесе мислење бр. 0801-307/5, со кое утврди директна дискриминација врз основа на религија и верско уверување вопристап до добра и услуги. Комисијата, за целосно утврдување на фактичката состојба поднела барање за изјаснување до ресторанот, но не добила повратен одговор.

КЗД побара од ресторанот Портофино Остериа и Бар да ја отстрани повредата на правото настранката, во рок од 30 дена од приемот на мислењето и препораката и понатаму да не врши дејствија на дискриминација. Доколку ресторанот не постапи по препораката, односно не ја отстрани повредата на правото, Комисијата има право да покрене иницијатива пред надлежен орган за утврдување на одговорност.



Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!