20 Април, 2024
0.0294

Државата толку има да ви даде- премиерот Заев бара разбирање од просветарите

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Владата повторно му дава шанса на дијалогот со просветарите, откако тие вчера се заканија со генерален штрајк, доколку не се прифатат нивните барања платите да им се зголемат за повеќе од 10 отсто, и тоа да се направи веќе од јануари идната година.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска најави дека во текот на следната недела ќе ги покани претставниците на СОНК на разговори.

„Следната недела сигурно дека ќе има покана и од наша страна да седнеме заедно, имајќи ги предвид сите параметри и за други реформски процеси за кои има финансиски импликации. Верувам дека ќе најдеме начин и решение за следното покачување на платите“, објасни Адеми.

Според него, нема пазарење туку има конструктивен дијалог и разгледување на сите параметри.

Министерот е сигурен дека  штрајк  нема да има, бидејќи Министерството и Владата нудат решенија. Според него, нема причина ниту потреба за организирање на штрајк кога се најавува историско покачување на платите во образованието.

Премиерот Заев, пак, на партиска трибина во Прилеп рече дека  досега платите на наставнициите се два пати покачени, и од април е понудено покачување од 10 проценти, што се две милијарди денари.

„Лесно е да протестираме и да се караме, но тоа никогаш не дало резултат кај нас. Сега сакаат пак да преговараме. Но треба да се прифатат реалните можности на државата. Ние сме спремни за наставникот да направиме се што можеме да го мотивираме да пренесува знаење на децата“ рече Заев.

Според него, Владата ќе продолжи да преговара со СОНК. Тој верува дека ќе се најде решение, за да не дојде до најавениот прекин на наставата следниот месец.

„Буџетот е транспарентен и отворен, сите може да видат каде рационално се трошат парите во државата. Драго ми е што сите сфатија дека има пари во државата кога не се трошат на непродуктивни работи, кои не ни носат трајно добро, но тоа секако е со ограничувања, имаме толкави можности и во рамки на тие можности ќе направиме се за да постигнеме договор со СОНК“, потенцира премиерот Заев.

СОНК и даде рок на власта од две недели да размисли за нивните барања, во спротивно на 11 ноември ќе има генерален штрајк и ќе биде прекината наставата во основните и средните училишта.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите