Државата веќе ги распродаде своите станови, еве уште колку останаа за купување?
Објавено во: Економија 14 Декември, 2018
Македонија има уште 879 државни станови, кои во моментов се закупени но истовремено се и на продажба, објави Независен.
Од Министерството за транспорт и врски потврдиле дека во последните осум години, односно од 2010 до 2018-та се продадени 1.627 општествени станови кои биле стопанисувани од надлежното јавно претпријатие.
Во Скопје има уште 372, 100 во Битола, по 86 и 84 во Струмица и Прилеп, додека во другите градови доста помалку.
Можноста за откупување ја имаат корисниците, а месечниот закуп во просек е 50 евра.