Државен удар ја „зовре“ атмосферата во Судан - на улиците имаше судири
Објавено во: Свет 25 Октомври, 2021
Во Судан имаше државен удар. Воените сили утрината го упасиле премиерот Абдула Хамдок и други членови на преодната цивилна влада.
Неколку часа подоцна прогласија вонредна состојба. Во главниот град Картум имаше судири меѓу демонстрантите и војската. Протести избија во целата земја. Апсењата се случуваат по неколкунеделни тензии меѓу цивилните и воените лидери на Судан. Генералниот секретар на Арапската лига ги повика сите страни да се придржуваат до договорот за поделба на власта од август 2019 година.
„Мора да има целосно почитување на уставната повелба за да се заштити тешко издејствуваната политичка транзиција”, напиша Гутереш.