20 Април, 2024
0.0275

Државен завод за статистика: Собранието ќе ги одредува прашањата за пописот

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Македонското Собрание ќе одреди со кои прашања ќе се спроведува националниот попис следната година со донесување на посебно законско решение за 2020, информираат од Државниот завод за статистика. 

Од таму велат дека не се тие кои определуваат дали прашање за етничката припадност ќе стои во посебна графа. Ова следува откако директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, во интервју за Алсат, изјави дека пописот на населението предвиден за 2020 година ќе помине без политички влијанија. Тој наведе дека ова е една од причините зошто не е потребна табела за етничката припадност на граѓаните во пописот. .

„Во овие дебати Заводот, како професионална и стручна институција од областа на статистиката и единствено надлежна за спроведување на Попис на населението, ги даде своите предлози меѓу кои и предлогот пописниот образец да не го содржи прашањето за етничка припадност. Овој предлог е вклучен и во Предлог-законот за Попис кој беше ставен на јавна расправа, а и доставен до сите релевантни институции за забелешки и сугестии, наведуваат од Државниот завод за статистика“, се вели во соопштението на ДЗС.

Инаку Симовски тврдеше дека измените на Законот за статистика биле предлог на Заводот за статистика, односно дека од таму го побарале тоа.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите