20 Април, 2024
0.0263

Државна лотарија донира 12 000 000 денари за борба против Ковид-19

Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Денес, Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, со цел поддршка на активностите кои се спроведуваат за справување со заканата по јавното здравје на граѓаните во нашата земја, предизвикана со заразната болест КОВИД-19, обезбеди донација во вредност од 12 000 000 денари како финасиска помош за ургентните потреби на  Министерството за здравство на  нашата земја.

Одлуката за донацијата е донесена од страна на органите на управување на Државна лотарија, по што  донацијата во износ од 12 000 000 денари е уплатена на наменската сметка на Министерството за здравство - „финасиска помош – КОВИД 19“. Целта на донацијата е обезбедување дополнителна финасиска помош и поддршка на вонредните напори на нашето здравство во борба со заразната болест, за набавка согласно приоритетните потреби за апарати, опрема и материјали што ќе помогнат во спасување животи. Средствата за оваа донација Државна лотарија ги испланира и ги обезбеди од деловното работење на друштвото во 2020 година. 

Министерот за здравство Венко Филипче ја изрази својата благодарност при што ја приложуваме неговата изјава - „ Голема благодарност до Државна лотарија за донацијата, со која ни помага во побрзо справување со корона вирусот. Само заеднички може да ја надминеме оваа светска здравствена криза предизвикана од Ковид - 19. Средствата ќе бидат наменети за справување со овој непредвидлив вирус.”


Државна лотарија е активен член на нашето општествено живеење и донира во општествено корисни цели согласно свите начела и стратегија на делување. Од почетокот на борбата со Ковид -19 ова е втора донација на Државна лотарија. Првата беше упатена кон Црвен Крст на Град Скопје во вредност од 700 000 денари за реализација на акција на терен за помош на ранливите категории граѓани и немоќни лица од трето доба на територија на град Скопје и други градови низ нашата земја. Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата со вирусот Ковид 19 и неопходноста за заедничка солидарност и помош како и трајната определба на друштвото преку приредување на игри на среќа да  генерира приходи наменети за финансирање на општествено корисни цели, оваа донација на друштвото е директен придонес и учество во заедничката обврска на сите субјекти на нашата земја,  во борбата со корона вирусот на кој треба да се спротивставиме со ангажирање на сите расположливи можности и капацитети.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга