20 Април, 2024
0.0371

Државна видеолотарија донира над 11 милиони денари за јавното здравство како поддршка за справување со Ковид-19

Објавено во: Мои пари 07 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Државна видеолотарија донира над 11 милиони денари за јавното здравство како поддршка за справување со Ковид-19

Државна видеолотарија донира 11 107 000 денари за јавното здравство со цел да придонесе во напорите за справување со Ковид-19.

Десет милиони денари од оваа сума се наменети за Министерството за здравство. Дополнително, 615 000 денари во медицинска опрема и материјали за заштита се определени за децата што боледуваат од малигни заболувања. Донација од 492 000 денари ќе добие и Јавната здравствена установа - Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Скопје.

Донација од десет милиони денари за Министерството за здравство

Нашата земја е исправена пред силен предизвик кој напаѓа на глобално ниво. Од овие причини, брзото реагирање во оваа глобална здравствена криза е многу важно. Во вакви услови неопходна е солидарноста. Државна видеолотарија одлучи да биде дел од заедничката координирана акција која се презема за итно справување со здравствените предизвици, предизвикани од вирусот Ковид-19.

Нашата компанија донира десет милиони денари кон Министерството за здравство, со цел да придонесе за ефикасност на јавниот здравствен систем во напорите при справување со Ковид 19.

Ние препознаваме дека сме дел од ова општество, поради што постојано настојуваме да го помагаме. Ова не е единствената активност која ја презедовме. Дополнително, тимот на Државна видеолотарија обезбеди уште две донации.

Донација од десет илјади евра во медицинска опрема и материјали за заштита на децата кои боледуваат од малигни заболувања

Со донација од 10 илјади евра ќе помогнеме итно да се набави медицинска опрема и материјали за заштита на децата кои боледуваат од малигни заболувања. Тие во ситуација на глобална пандемија од Ковид-19 се изложени на силен ризик. Затоа и одлучивме да реагираме брзо, со цел итно да се изврши набавка на дополнителна заштитна опрема за нив и за нивните родители, но и за медицинскиот персонал кој се грижи за овие дечиња.

Државна видеолотарија со донација во вредност од 492.000,00 денари за Јавната здравствена установа-Специјална болница по гинекологија и акушерство Мајка Тереза Скопје

Нашата компанија обезбеди и донација од 492.000 денари за Јавната здравствена установа-Специјална болница по гинекологија и акушерство Мајка Тереза Скопје. Средствата од оваа донација ќе бидат употребени за набавка на пет Пулсоксиметри-медицински уреди за новороденчиња.

Солидарни  и кон нашите сограѓани и вработени

Знаеме дека и во овие услови има луѓе кои мора да одат на работа, поради што користат јавен превоз. Со цел да придонесеме кон нивна заштита, обезбедивме и средства за дезинфицирање во сите автобуси кои сообраќаат на активните автобуски линии на ЈСП Скопје, како и заштитни маски за возачите.

Државна видеолотарија како одговорна компанија презеде и низа активности и неопходни протоколи со цел да ги заштити и своите вработени од изложеност на Ковид 19.

-Државна видеолотарија ќе продолжи да го следи развојот на состојбата предизвикана од Ковид-19. Сите наши идни активности можете да ги следите преку профилите на социјалните мрежи на нашите брендови:

VLT – Фејсбук и Инстаграм

2win – Фејсбук и Инстаграм


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга