20 Април, 2024
0.0584

Државна видеолотарија: Не трошиме државни пари за апаратите

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Државната видеолотарија не троши државни пари затоа што не е буџетски корисник, реагираат денеска оттаму по обвинувањата на двајца пратеници од опозицијата според кои државата ќе троши пари да набавува апарати за потребите на Државна видеолотарија. Велат дека овие напади може да се сфатат како дел од предизборниот колаж и дека се во функција на пропагандните механизми. 

„Јавната набавка е согласно планот за јавни набавки од јануари 2019. Набавката е рамковна за период од 2 години сукцесивна согласно потребите на друштвото. Целата процедура за набавка е транспарентна и согласно законот. Тендерот првично беше објавен на 14 октомври 2019, но не се јави ниту еден заинтересиран, поради што целата постапка се повтори. Бирото за јавни набавки изврши управна контрола на постапката која резултираше без суштински забелешки на постапката. Постапката беше повторена на 04.12.2019, а во текот на оваа постапка повторно беше извршена управна контрола на бирото за јавни набавки, од која и во овој случај немаше забелешки. На ова постапка, пристигна само една понуда која ги задоволуваше бараните критериуми, по што е потпишана рамковната спогодба за реализација на јавната набавка, објаснуваат од Државна видеолотарија.

Додаваат дека спогодбата се однесува на временски период од две години, во кој сукцесивно ќе се врши набавка согласно потреби на работењето на компанијата. Тоа значело дека нема веднаш да бидат набавени 1500 апарати, туку ќе се набавуваат апарати согласно потребите на друштвото за нормално функционирање на истото.

Државна видеолотарија е трговско друштво со ограничена одговорност, во која државата е застапена со 51 процентен капитал преку Државна Лотарија, а 49 отсто е приватен странски капитал. 

Во соопштението за јавност се вели дека не се буџетски корисник, а значајно придонесуваат за раст на приходите на државниот буџет. 

„Во 2019 по основ на данок на добивка, данок на личен доход, посебна давачка од игри на среќа, ДДВ и дивиденда, Државниот буџет од Државна видеолотарија се дополнил со 750.966.809 денари. Како општествено одговорно компанија настојуваме да бидеме одговорни кон ранливите категории во нашето општество, но и да придонесеме за унапредување на спортот, образованието и културата. Државна видеолотарија е единствена компанија која развива и применува програма за одговорно играње во земјава, стои во реакцијата.

Се додава и дека според резултатите за минатата година Државна видеолотарија е регистрирана како 23 најуспешна компанија во земјава.


Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам