25 Април, 2024
0.0320

Државната изборна комисија со герила акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Државната изборна комисија со голема одговорност ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните Предвремени парламентарни избори 2020. Со герила акција, за првпат досега, екипата на ДИК ги посетија Охрид и Струга. На плоштадите од двата града беа поставени две големи поставки од големо стаклено ѕвоно и гел за дезинфекција со цел да им се приближат пораките за безбедно гласање до гласачите.

Со пораките „Заштити се себеси и другите“ и „Гласај безбедно“, Државната изборна комисија упати апел за сигурни и безбедни избори. На плоштадите од двата града на безбеден начин се поделија едукативни брошури и флаери на случајните минувачи за безбедно гласање и точно опишан начин како треба секој гласач да постапува на гласачкото место за да се заштити од корона вирусот.

Safety, или безбедносната брошура која што ја поделија од ДИК на граѓаните на Охрид и Струга содржеше гел за дезинфекција и маска за заштита од корона вирусот. Освен што ги информираше преку пораките и поставки, ДИК на овој начин имаше и акција за заштита на граѓаните.

Оваа герила акција се случува за првпат во нашата држава подготвена од Државната изборна комисија. Со ова, од таму покажаа неверојатна грижа за здравјето на граѓаните и континуиран напор во поставувањето на пример за државна институција која треба да се одликува со независност, непристрасност, одговорност и професионалност во работењето. Со овој пример на информирање на граѓаните и нивна заштита во време кога целиот свет е соочен во борба со невидливиот непријател КОВИД-19, Државната изборна комисија постави нови стандарди во функционирањето на државните институции.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка