ДРЖАВНАТА МАТУРА ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ НАВРЕМЕ, ШТРАЈКОТ Е ВО МИРУВАЊЕ: ДИЦ се обрати и до матурантите и до министерот

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2023 14:18
Државниот испитен
центар денеска соопшти дека штрајкот кој го започнаа на 24 април со цел
зголемување на платите го ставаат во мирување и дека полагањето на Државната
матура ќе се спроведе на време. Во нивното соопштение тие се обратија директно
до матурантите:
Порака до матурантите!
Насилните мерки и притисоци на министерот Шаќири со обид да внесе надворешни лица во процесот на државната матура – процес кој е со висок степен на тајност, ќе ја доведе во прашање валидноста на тестирањето и резултатите од матурата.
Вработените во Државниот испитен центар, како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина.
Со ова известување штрајкот се става во мирување!
Истовремено, од ДИЦ се обратија и директно до министерот за образование, Јетон Шаќири.
Порака до министерот за образование и наука!
Вашите досегашни обиди за решенија на проблемот, а со тоа и ветувањата кои им ги дадовте на матурантите во медиумите се спротивни на одредбите на Правилникот за процедури за тајноста на подготовката, печатењето, дистрибуцијата, чувањето и оценувањето на испитниот материјал, донесен од министер за образование и наука од 31.3.2014 година. Со Вашиот обид да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе бевте тој што ќе ги оштетеше матурантите!“, се наведува во соопштението на ДИЦ.
Можеби ќе ве интересира
ЦИПРАС ПРИЗНАВА – „АКО НЕ ПОБРЗАВМЕ ЌЕ БЕВМЕ ПОД ПРИТИСОК ДА ГО ПРИФАТИМЕ УСТАВНОТО ИМЕ“: По седум години од Преспанскиот договор
МИЦКОСКИ СООПШТИ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА БРЗАТА ПРУГА: „Ќе значи многу во историска и транспортна смисла“

„ПРИСТИГНУВААТ РАЗНИ ПОРАКИ ОД СОФИЈА, СТАРИТЕ РЕКЛЕ ПОМАЛКУ СЛУШАЈ, ПОВЕЌЕ ГЛЕДАЈ ШТО РАБОТАТ“: Мицкоски вели Бугарија може да ги повлече амандманите во ЕП

Петар Ристески Пеката: Потпишав пристапница, но не станав член на СДСМ

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА ЧЕЛО“: „Нека гукнат!“, вели Ванковска

Бидете крајно внимателни, доаѓаат невреме, громови и појава на град!

„ЕДЕН ОД ПОГОЛЕМИТЕ ПОГРОМИ НА ОВАА НАПАТЕНА ДРЖАВА И НАРОД!“ Дуковски за седумгодишнината од Преспанскиот договор

НИКОЛОСКИ ВЕЛИ ДЕКА МИЈАЛКОВ Е ИСКЛУЧЕН ОД ПАРТИЈАТА, ИМ ДАДЕ СОВЕТ НА СДСМ ИСТОТО ДА ГО НАПРАВАТ СО ТИЕ ШТО СЕ СЛИКААТ ВО ДУБАИ СО ЗЛАТНИ ВИЗИ: Еве што тој открива тој
