Дубровник поскап за живеење од Брисел
Објавено во: Балкан 03 Мај, 2021
На списокот со трошоците за живот во 608 градови во светот, во глобалната база на податоци за потрошувачки цени, има пет од нив од Хрватска.
Најскап е Дубровник, кој го освои високото 65-то место и се најде пред еден Брисел, втор е Задар, на 275-то место, следен од Сплит (312), Риека (322), Загреб (346) и најевтин е Осиек, кој го зазеде 374-то место на списокот.
Кога станува збор за земјите, на списокот од 138 од нив, Хрватска е на 42-то место, а од земјите од Централна и Источна Европа, само Естонија е на 41-то и Словенија е на 38-то место, додека животот во другите земјите е многу поевтино., пренесува Танјуг.
Една од причините за тоа, се чини, е високата цена на основните комунални услуги, кои вклучуваат електрична енергија, греење, вода и домување. Меѓу 107 земји, Хрватска е на високо, 17-то место на таа листа.