ДУИ бара лимитот на кеш-трансакциите да се зголеми до 10.000 евра?
Објавено во: Економија 25 Мај, 2020
Димократска унија за интеграција поднела предлог до Владата да се зголеми лимитот на сумата со која се вршат трансакции со кеш да се зголеми од 5.000 на 10.000 евра дневно без за тоа да биде известена Управата за финансиско разузнавање.
Наводно, предлогот на ДУИ потекнува од граѓанска иницијатива, а ова за Алсат го потврдуваат и владини извори како и од Управата за финансиско разузнавање, од каде што велат дека анализите се во тек.
На крајот од минатата година во Собранието веќе беше изгласано дека лимит за плаќање во готовина од 500 се зголемува на 3.000 евра во рамки на Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам.
Претходно прагот беше спуштен до 500 евра со цел да се зголеми контролата на трансакциите и да се спречи перењето пари.