27 Септември, 2024
0.0265

ДУИ: Реакцијата на ВРЕДИ пишувана од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

ДУИ излезе со соопштение во кое смета дека денешната реакцијата на коалицијата ВРЕДИ за временото стопирање на алатката „Балансер“ за правична застапеност на заедниците ја имаат напишано ВМРО-ДПМНЕ.

„Неколку албански политички субјекти, кои влегоа во владата преку поддршката од македонските партии, издадоа неосновано соопштение против ДУИ и нашиот лидер, Али Ахмети. Најзагрижувачки е грешката на крајот од оваа изјава, каде што е оставена реченицата „преведете го на албански“, што открива дека овие соопштенија се напишани од нивните македонски патрони, ВМРО-ДПМНЕ, а потоа им се предадени на нив, велат од ДУИ во соопштение за јавноста.

„Овој факт јасно покажува дека овие субјекти не ги претставуваат интересите на албанската заедница, туку се алатки во служба на туѓи интереси. Со овој срамен чин, тие јасно покажаа дека немаат политичка независност и дека се користат за да ги нападнат интересите на Албанците и да го оцрнат угледот на ОНА и ДУИ“, реагираат од ДУИ.

Од ВРЕДИ експресно излегоа со одговор дека станува збор за преработка на соопштенија на кои им е потребно лекторско приспособување.

„Ова не е периодот 2006-2017 кога ДУИ им робуваше на Груевски и Мијалков. Длабок очај е кога една партија која била власт 22 години ќе падне на дереџе да користи ваква аргументација за политички напад. Но, нема да оставиме простор нивните медиумски мегафони да трубат глупости.
Имено, со оглед на фактот дека комуницираме и со македонски медиуми, нормално е во Центарот за комуникации на ВЛЕН да имаме ангажирано лектори за уредување на нашите текстови. Во случај кога лингвистички се коригира еден текст, може да се јави потреба да се прави и во двете верзии.
Ако “крунски” доказ на ова криминализирано раководство на ДУИ е реченицата “преведи на албански” на крајот на македонската верзија на денешното соопштение, тогаш може слободно од политичка партија, да ги нарекуваме политички циркус.
Крајно време е Али Ахмети да се освести и да разбере дека во опозиција не го пратија македонските партии туку мнозинството Албански народ кој на изборите му рече - доста беа лаги, манипулации и безочно фамилијарно богатење!“, демантираат од ВРЕДИ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања