24 Април, 2024
0.0298

ДУИ СЕПАК ИЗДЕЈСТВУВА ПРОМЕНИ - Маврово, Ростуше и Дебар одат во Петтата изборна единица

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

ДУИ сепак издејствува промена на Изборниот законик, како што оваа партија бараше. 

Според неофицијалните информации кои вчера се појавбија, таа наводно и условувала тоа да се договори и изгласа, а за возврат тие да гласаат за законот за јавно обвинителство, но денеска од ДУИ ги демантираа овие информации, тврдејќи дека тие недвосмислено го поддржуваат носењето на законот за ЈО.

Со измените во Изборниот законик се предвидува Маврово, Ростуше и Дебар, од Шестата изборна единица да се префрлат кон Петтата.

Ова на денешната прес конференција го потврди пратеникот Артан Груби, додавајќи дека законските измени се веќе договорени и потпишани од сите координатори на парламентарните групи. Се очекува во секој момент тие да влезат во парламентот.

Според него, со ова би се постигнало нивелирање помеѓу изборните единици.

Пратеникот рече дека со нивниот амандман бројот на гласачи во Шестата изборна единица се враќа во рамките на границата, плус пет отсто повеќе од просечниот број на шесте единици.

А токму Груби денеска тврдеше дека ДУИ недвосмислено го поддржува донесувањето на Законот за ЈО и не го условува со ниту еден друг закон

ДУИ очекува изборите да се одржат на 12 април, со донесување на законите коишто се во процедура пред распуштање на Собранието.

Тој вели дека изборите биле консензуално договорени со датум, како и дека нема никакви проблеми со СДСМ. Нагласува дека ДУИ е клучен партнер во Владата, иако било легитимно право на СДСМ да разгледуваат опции за ново парламентарно мнозинство.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција