ДУИ СО ПРАТЕНИК ПОМАЛКУ: Исмаил Јахоски ќе делува како независен
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2020
Пратеничката група на ДУИ сега има еден пратеник помалку, бидејќи пратеникот Исмаил Јахоски, кој беше кандидиран на листата на ДУИ во Изборната единица 5 веќе не е пратеник на партијата на Али Ахмети, туку стана независен пратеник.
Како што стои и на интернет страницата на Собранието, Јахоски повеќе не фигурира на листата на пратеници од редовите на ДУИ, туку под графата независни пратеници.
Јахоски е познат на јавноста како еден од најбогатите македонски политичари.
Тој во повеќе наврати беше градоначалник на општина Пласница а е сопственик на компанијата Пуцко петрол.