19 Април, 2024
0.0290

Дуковска: Tрeба да се спречи трансгенерациското пренесување на сиромаштијата

Објавено во: Економија 25 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Билјана Дуковска, претседателка на Македонска платформа против сиромаштија вели дека кога зборуваме за намалување на сиромаштија во суштина треба да се насочиме кон решавања на сите причинители кои ја потхрануваат и да направиме едно решение да носи кон друго.

Смета дека приоритет е да се спречи трансгенерациското пренесување на сиромаштијата и да се скршат маѓичните кругови во кои се наоѓаат најсиромашните. 

Тие денеска се во Струмица, на 26 мај се на Плоштадот  во Скопје и на 27 мај се во Делчево каде ќе говорат на оваа тема.

„Настаните се дел од Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход чија порака е Гарантиран минимален приход: Никој не заслужува помалку, сите имаат полза! Тоа е пораката која ја испраќаме и од Македонија. Сепак, ние сме ставени пред уште поголем предизвик, нашата држава се наоѓа во фаза на подготовка на нов закон за социјална заштита кој за прв пат треба да го воведе и дефинира гарантираниот минимален приход. Затоа ја користиме приликата и присуството на ЕМИН автобусот да отвориме јавни дискусии на тема „Какви шеми за минимален приход ни се потребни во Македонија?“ Сакаме да слушнеме предлози од граѓаните во која насока треба да се случуваат промените за да им се подобри квалитетот на живот и да ги упатиме на тоа дека во тек е социјална реформа во која тие мора да се вклучат како експерти по искуство. Истовремено упатуваме и апел при креирањето на нашите шеми за минимален приход да се внимава тие да  гарантираат поддршка за приходите за сите оние на кои им се потребни, колку што им е потребно, доволно за да живеат достоинствено и целосно да учествуваат во општеството, но и да се прилагодени на трошоците за живот. Сакам да дополнам дека организираните настани се дел од патувањето на автобусот наЕвропската мрежа за минимални приходи (EMIN), која е неформална мрежа на организации и поединци (експерти, професионалци, академици и различни субјекти активни во борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост) и е посветена на прогресивно остварување на правото на адекватни, достапни и овозможувачки шеми за минимален приход, а е координирана од Европската мрежа за борба против сиромаштија (ЕАПН)“- рече Дуковска.

Таа додава дека при решавање на вакви клучни државни прашања најважни се политичката волја и учеството на лицата за кои се однесуваат политиките. Објаснува дека во Македонија треба да направат многу работи, започнувајќи од консолидирање на законската регулатива во функционален и овозможувачки патоказ за остварување на социјална заштита, преку воведување на социјалните услуги како начин за намалување на социјалната исклученост и конечно директна работа и персонализиран пристап во решавање на проблемите.

„Нема магично стапче или волшебна формула која може брзо и лесно да не извади од позицијава во која сме, имајќи ги во предвид сите показатели кои укажуваат на состојбите, но она што може да се направи е да се создадат услови за интегриран пристап кој ќе води до системско поместување и нивно решавање. Минималниот приход, инклузивниот пазар на труд и квалитетните сервиси го сочинуваат „светото тројство“ за активно вклучување кое гарантира зајакнувањето и учеството на луѓето во општеството. Неопходно е луѓето да имаат финансиска основа за да може да се чувствуваат доволно безбедни за да не прифатат било каква работа и социјално да не се исклучат. Само како пример, не може да ги обвинувате родителите кои не сакаат да ги праќаат децата на училиште боси и гладни, но може да им дадете минимум приход со кој ќе ги обврзете да децата мора да одат на училиште, ќе им помогнете тие  полесно да се активираат на пазарот на труд и ќе обезбедите помош за децата при образованието. Она што е значајно за минималниот приход е неговата опфатност, тој треба да биде достапен до секој кој има потреба, онолку колку што има потреба. Нашиот актуелен систем има големи недостатоци од аспект на достапноста и овозможувањето на остварување на правата од социјалната заштита. Често може да слушнете дека оние што земаат сега социјална помош имаат големи куќи и паркирани скапи автомобили во дворовите, а сведочиме дека секој ден има хуманитарни акции за помош на семејства и лица кои се на раб на егзистенција“- кажа Дуковска.

Минималниот приход е тој кој претставува сигурносна мрежа и кој не дозволува луѓето да пропаднат и да се изгубат во системот, туку напротив, ги држи во него и им помага да зајакнат.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите