Дури 50 отсто од тестираните во Србија се заразени со ковид
Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2022
Во Србија позитивни се дури 50 отсто од тестираните.
За 24 часа има 17.284 случаи на инфекција со коронавирус од 34.778 тестирани примероци, а починале 42 луѓе. Во болниците се згрижени 3.397 пациенти, од кои 143 се на респиратор.
Омикрон сојот на корона вирусот се шири, веќе две недели дневните бројки на заразени се петцифрени, а се зголемува и бројот на починати, јави дописникот на МИА од Белград.
По Србија, и Хрватска минатата година имала највисока смртност од Втората светска војна.